fbpx
Таг: заштита на животна средина

таг: заштита на животна средина

Невладините реагираат на измените во законот за отпад во полза на загадувачите

Невладините организации Гоу Грин и коалиција 02 реагираат на четирите предлог-измени во законите за отпад кои се доставени до Собранието на РСМ во скратена постапка. Тие реагираат на измените што се предлагаат во законите за управување со отпад, кои во пакет беа донесени од парламентот во септември 2021 година. Предлозите доаѓаат од ДУИ, ЛДП, ВМРО-ДПМНЕ и Министерството за животна...

ЕУ со порака: На регионалните депонии да работите и воздухот да го прочистите

С.Македонија годинава постигнала ограничен напредок во поглавјето Животна средина и климатски промени, потенцираат од Европската комисија во најновиот Извештај за земјава. Минатогодишните препораки се делумно исполнети, а во нареднава година треба особено да се работи на три точки. Од Европската комисија бараат наредниве месеци да се искористат за оспособување на регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот...

Доделени грантови на 13 локални заедници во Полошкиот и Мавровскиот регион

Во Маврово денеска беа доделени грантови на 13 локални организации за реализација на проекти за заштита на животната средина и биолошката разновидност, одржливо користење на природните ресурси, недрвени шумски производи и туризам заснован на природа. Грантовите се доделени во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шар и Албанските Алпи“, имплементиран од CNVP и финансиски поддржан...

Најголем дел од младите не комуницираат со општините, но сакаат да се дел од зелени настани

Дури 58 отсто од младите во земјава не комуницираат со локалната самоуправа, но затоа пак мнозинството од 70 отсто од нив сакаат да се дел од зелени настани и би се вклучиле во креирањето политики доколку се навремено информирани и суштински вклучени. Ова е само дел од резултатите на истражувањето што го спроведе Здружението Гоу Грин со поддршка на...

Автопатите на Коридорите 8 и 10д може негативно да влијаат врз шумскиот фонд

Сѐ уште не постои оцена на влијанието врз животната средина за првиот дел од автопатот Гостивар-Букојчани, каде што има пространство на шума. Заради недоволната јасност и прецизност на одредбите од Законот за животната средина, се поставува прашањето дали воопшто е започнат процесот за оцена на влијанието на делницата Гостивар-Букојчани. Ова се дел од заклучоците на Македонското здружение на млади...

Македонски иноватори ќе изработуваат уникатни рамки за очила од кафе со фокус на заштита на животната средина

Кафе! Секојдневна рутина на многумина е денот да го започнат со филџан кафе. Уште од 16-от век во Европа пиењето кафе е ритуал е пренесен на генерации и широко распространет на Балканскиот Полуостров. Денес, кафето не само што е еден од најупотребуваните зборови во светот, туку се рангира и како еден од најпопуларните пијалоци. Вкусот, богатата арома, и силното...

АНАЛИЗА: Даноци и давачки за животна средина – како се наплаќале и каде завршувале парите?

Јавни претпријатија наплаќаат вода, а немаат дозвола за управување на вода. Граѓаните и фирмите плаќале за регистрација на возила, но не се знае дали вистинските суми за даноци биле уплатени на сметка на Министерството за животна средина, пишува Порталб.мк. Ревизорскиот извештај кој под лупа ги става даноците за животна средина во функција на политики за заштита на истата, открива...

Ниту половина од даноците за животна средина не се инвестираат во нејзината заштита [инфографик]

Даноците за животна средина што се уплаќаат на државно конто се значително поголеми од инвестициите и трошоците за заштита на животна средина во земјава. И покрај тоа што македонското општество се соочува со бројни еколошки предизвици, магичниот круг на парите вели дека ниту половина од уплатените даноци за животна средина во Македонија не се инвестираат во заштита на животната...

Инвестициите во заштита на животната средина растат, но малку се вложува во заштита на почвата и шумите [инфографик]

Во државата лани се зголемиле инвестициите во заштита на животната средина, но издвоените средства се далеку од рекордните нивоа што биле постигнати во текот на 2018 година. Најголеми се трошоците за постапување со отпад, но затоа пак најмалку се инвестирало во заштита на почвата и шумите во 2021 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Вкупните трошоци...

ДЕБАТА: Државата е должна да обезбеди здрава животна средина за граѓаните

Да се намали аерозагадувањето, да постои интегриран систем за управување со отпадот и ригорозна контрола врз индустријата, да се подобри квалитетот на водите, заштитата на шумите и биодиверзитетот, да се создадат одржливи системи за производство на храна и да се преземе поголема климатска акција. Ова се само мал дел од заклучоците на денешната јавна дискусија на претставниците на граѓански организации,...

Водич за екоактивизам: Секој има должност да ја заштитува животната средина

Како да ги искористиме македонските закони за да ја заштитиме животната средина, каква е улогата на граѓанскиот активизам и колку може секој поединец да придонесе за да живее во подобра околина, се насоките кои ги содржи публикацијата „Заедно ЗА природата: Водич за екоактивизам“ што ја објавија Институтот за комуникациски студии и Македонското еколошко друштво. Водичот се фокусира на правните...

Државата повеќе добива од даноците отколку што троши за заштита на животната средина [инфографик]

Растат приливите во државната каса од даноците за животна средина. Во 2019 година во буџетот се слеале 219.084.552 евра, односно била платена рекордна сума на даноци во споредба со претходните години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Една година претходно, во 2018 година биле инкасирани 209.190.164 евра, додека во 2014 година по овој основ во државниот буџет се слеале...

Во заштита на воздухот лани сме вложиле 8 милиони евра, индустријата учествувала со 1,3 милиони евра [инфографик]

И покрај тоа што за аерозагадувањето во Македонија премногу се зборува во јавноста, инвестициите во заштита на воздухот премалку ги има. Лани како трошоци и инвестиции за заштита на воздухот се регистрирани околу 8 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Притоа, индустријата и специјализираните производители низ целата земја во заштита на она што секојдневно го...

Лани загрижувачко намалување на трошоците за заштита на животната средина [инфографик]

Во Македонија лани е забележано загрижувачко намалување на трошоците за заштита на животната средина. Во развиените земји, надминувањето на загадувањето се решава по принципот „загадувачот плаќа“, што повлекува со себе подмирување на трошоците за заштита на животната средина, кои треба да ги сноси правното или физичкото лице кое го врши самото загадување на почвите, водите, воздухот, шумите или пак...

Дрвата се најголем загадувач, а на нив се греат 40 отсто од градските и над 80 отсто од руралните домаќинства

Дрвото е најголем загадувач на воздухот во градовите, особено во зимските месеци, сепак, најголем дел од домаќинствата, особено оние од руралните средини, го користат овој енергенс за затоплување на своите домови. Огревното дрво во земјава се употребува кај околу 40 проценти од домаќинствата во градовите и кај 85 проценти во руралните општини. Екологистите и експертите за климатски промени препорачуваат...

Неопходна е едукација и посветеност за да се решат проблемите со загадувањето на животната средина

Нашата идеја не е да ја заштитиме планетата, туку да создадеме свет каде што планетата нема да има потреба од заштита. Со овие воведни зборови, младиот европски амбасадор, Војдан Узунов го отвори денешниот онлајн настан на WeBalkans насловен „The Youth goes Clean“ на кој, преку две панел дискусии се разговараше за решенијата на младите за аерозагадувањето и за тоа...

Здружението Флорозон утре ќе организира трибина за еколошките прашања во Гевгелија

Утре со почеток во 11 часот во малата сала во Народен театар Гевгелија ќе се одржи трибина за адресирање на еколошките прашања во Гевгелија, од која ќе произлезе петтата по ред иницијатива на Коалицијата за животна средина. На настанот ќе се адресираат најактуелните еколошки прашања кои ги засегаат граѓаните од Гевгелија, а се однесуваат на статусот за изградба на рудниците...

Отворен повик за млади креативци и гејмери за изработка на концепт за видео игра

Со цел подигнување на свеста за заштита на животната средина, Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии (УМПАКИ) во рамките на проектот „Видео игротека“ објавува повик за подготовка на концепт за видео игра на тема „Зачувување на животната средина“, за млади на возраст од 10 до 18 години. „Целта на проектот е да се промовира етички однос кон природата...

Од Центарот за развој на Полошкиот регион најавуваат санација на депонијата Русино до крајот на годината

Со обезбедените средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања, до крајот на годинава ќе се преземат брзи мерки за подобрување на состојбата со гостиварската депонија Русино, информираат од Центарот за развој на Полошкиот регион. „Со брзите мерки е предвидено изградба на систем за управување со исцедок со кој преку мрежа на насипи и ровови ќе се оневозможи доток на...

Од ЈУНП „Галичица“ потсетуваат на условите под кои може да се посети паркот

Поради зголемената посетеност на Охрид и регионот од страна на многубројни домашни и многу ретки странски туристи, и нивните реакции за наплатата за влез во Националниот парк Галичица, од Јавната установа Национален парк „Галичица“ излегоа со појаснување за начинот на наплата на влезниците, нивната висина, начинот на користење на овие генерирани средства и фактичката вистина. „Согласно законските одредби и потребата...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...