Утре со почеток во 11 часот во малата сала во Народен театар Гевгелија ќе се одржи трибина за адресирање на еколошките прашања во Гевгелија, од која ќе произлезе петтата по ред иницијатива на Коалицијата за животна средина.
На настанот ќе се адресираат најактуелните еколошки прашања кои ги засегаат граѓаните од Гевгелија, а се однесуваат на статусот за изградба на рудниците за злато на планината Кожуф, присуството на арсен водата, дивата сеча, загадувањето од индустриските капацитети и други значајни теми. На трибината учество ќе земат претставници од локалната самоуправа, јавните претпријатија, централната власт, граѓани.
Исто така, ќе се изврши промоција на механизмот за бесплатна правна помош, за негова примена при остварување на правото за здрава животна средина.
Во тој контекст, ќе се изврши дисеминација на документите развиени во рамките на горенаведениот проект – Компаративна анализа на постоечки модели на правна помош во и надвор од EУ и најдобри практики, Кратка брошура за добри практики за пристап до правда од областа на животна средина и Водич за користење бесплатна правна помош.
Трибината ја организира здружението на граѓани – Центар за еколошка демократија Флорозон Скопје во рамките на проектот: „Еднаков пристап за ефективна правда”, финансиран од Европската Унија во соработка со Changemakers4all.