fbpx
Таг: земјоделци

таг: земјоделци

Грчките земјоделци почнуваат со блокади на неодредено време

Нов сообраќаен кошмар и притисоци врз владата создаваат од денеска грчките земјоделци. Штрајкувачите одлучија да го затворат преминот Темпи кај Лариса на неодредено време. Преминот ќе го затворат денеска напладне, а неизвесно е кога повторно ќе биде отворен. На овој начин Грција симболично е поделена на два дела, а патувањето од северниот дел на Грција до Атина преку споредни патишта се одолжува...

Грчките земјоделци и денеска ќе ги блокираат граничните премини Богородица и Дојран

Според најавите од Грција, граничниот премин Богородица и денеска ќе биде блокиран од 11 до 14 часот, а потоа и од 18 до 21 часот по македонско време. Весникот „Нафтемпорики“ јавува дека преминот Дојран ќе биде блокиран 24 часа, од денеска од 11 часот до утре до 11 часот. На двата гранични премина има околу 800 трактори, кои речиси три недели го блокираат...

Продолжуваат блокадите на грчките земјоделци

Грчко-македонската граница ќе биде блокирана и денеска. Грчките земјоделци ќе ги блокираат премините Евзони и Дојран од 12 до 14 часот и 18 до 21 часот по грчко време. За утре земјоделците се закануваат со 24-часовна блокада на патиштата и на границите од пладне в сабота до пладне в недела. Конечната одлука се очекува да се донесе во текот на денешниот ден. Блокадата...

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски лаже и манипулира

Љупчо Николовски уште еднаш лаже и манипулира, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство. „Земјиште по партиски клуч се доделувало само во време на СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ подели 60.000 хектари на повеќе од 9.000 луѓе на електронско јавно наддавање во фер, правична и транспарентна постапка. Во време на СДСМ, субвенции во земјоделството имаше точно онолку колку што...

И денеска блокади на Богородица, Дојран и на Меџитлија

Грчките земјоделци и денеска продолжуваат со блокирање на македонско-грчката граница на трите премини Богородица, Меџитлија и Дојран. Граничниот премин Богородица денеска е блокиран од 11 до 13 часот, а ќе биде и од 17 до 20 часот. Дојран ќе биде затворен за преминување од 9 до 14 часот и 18 до 20 часот по македонско време, додека Меџитлија ќе се...

Манчевски: Новата влада на СДСМ ќе ги врати парите кај граѓаните

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, заедно со членот на извршниот одбор, Благој Бочварски, вчера беа помеѓу граѓаните од населените места во Пехчевско - Црник, Умлена и Робово. - Повеќе од 600.000 граѓани ја напуштија земјата поради невработеноста и нискиот животен стандард, 180.000 граѓани живеат со помалку од 40 денари на ден, а Груевски и „фамилијата“ потрошија повеќе од 630 милиони евра само за споменици....

Граничните премини Меџитлија и Дојран затворени поради штрајк на грчките земјоделци

Денеска од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот, поради штрајк на грчките земјоделци, со поставување земјоделски машини и трактори во близина на граничните премини Ники (Меџитлија) и Дојрани, сообраќајот ќе биде во целосен прекин при влез и при излез од Република Грција, информира Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои,...

Немири во Солун на протестот на земјоделците, блокадите продолжуваат

Штрајковите на грчките земјоделци ескалираа со немири и со насилство на синоќешниот протест во Солун на отворањето на големиот саем за земјоделство ХЕЛЕКСПО. Повеќе од 20.000 земјоделци го окупираа просторот околу саемот во Солун, а за време на протестот дојде до турканици и до насилни пресметки меѓу демонстрантите и полицијата, поради што специјалците употребија солзавец за да се растера и...

„Макам-транс“: Блокадите на гранците на грчките земјоделци ни го забавуваат превозот

Блокадите на границата со Грција влијаат врз забавување на превозните операции на транспортерите. Ако поради близината со оваа земја, транспортерите оделе и се враќале за еден ден, со блокадите, превозот се пролонгира за еден ден. - Со кој било застој, се зголемуваат трошоците, имаме помал обрт во работата и еден превоз помалку – изјави Билјана Муратовска од Здружението на превозници...

Солун под опсада на грчките земјоделци

Грчките земјоделци денеска ќе го „окупираат“ Солун. Протестите од блокадите на патиштата ќе се преселат во центарот на Солун, каде вечерва се отвора големиот саем за земјоделство „Агротика“, на кој ќе говори грчкиот министер за земјоделство. Земјоделците на овој начин ќе го демонстрираат гневнот и незадволството од владините одлуки да не се отстапува од спроведување на договорот за пензиско...

Николовски: Тендерот со кој Груевски го награди Ѕинго, скапо го платија земјоделците

Тендерот со кој Груевски го награди својот партнер Ѕинго, за жал, скапо го платија земјоделците и граѓаните, кои претрпеа огромни штети поради неисчистените канали, изјави дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. - Изгубија цели реколти, а во најголемата житница Пелагонија наместо жетва, производителите ги броеја загубите. Скапо ја чинеше и државата, штета од неверојатни 5,3 милиони евра....

Грчките земјоделци ги интензивираат протестите, најавија шестчасовни блокади

Грчките земјоделци не се повлекуваат од патиштата. На денешните состаноци тие се договорија да ги засилат блокадите. Наместо четиричасовни блокирања на патиштата, отсега блокадите ќе траат по шест часа. Земјоделците најавија дека блокадите ќе ги опфатат и граничните премини, автопатиштата, па дури и пристаништата во земјата. Денеска напладне беа блокирани граничните премини Богородица и Меџитлија, а за вечерва од 18 до 20 часот...

Грчките земјоделци денеска од 11 до 13 часот ќе ги блокираат премините Богородица и Дојран

Грчките земјоделци денеска повторно ќе ги блокираат граничните премини Богородица и Дојран. Блокадата ќе биде поставена од 12 до 14 часот по локално време, односно од 11 до 13 часот по македонско време. Покрај македонската, земјоделците ги блокираат и граничните премини од Грција кон Албанија и кон Бугарија. Најлоша засега е ситуацијата кај преминот Промахонас кон Бугарија, каде грчките земјоделци...

Грчките земјоделци можно е да го блокираат граничниот премин кај Дојран

Грчките земјоделци можно е денеска да го блокираат граничниот премин кај Дојран од 11 до 13 часот по македонско време. Според најавите на земјоделците од областа околу Кукуш, планирано е или да се блокира автопатот Солун - Петрич или, пак, да се блокира граничниот премин Дојран - Дојрани. Во областа кај Кукуш се собрани околу 450 трактори и земјоделци, кои...

Грчките земјоделци денеска ќе ја блокираат македонско-грчката граница

Грчките земјоделци продолжуваат со блокирање на грчките автопатишта. Земјоделците најавија дека денеска од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот ќе биде блокирана македонската граница, но и границите со Бугарија и со Албанија, како и ред други точки и дел од автопатиштата низ целата земја. На 15.000 трактори и на илјадници земјоделци, кои се распоредени на клучни точки...

Земјоделците од Карбинци останаa без ниви за обработка

Дваесетина земјоделци во општината Карбинци се пожалија дека останале без земјата за обработка, која им е извор на основна егзитенција, откако Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не им го продолжило договорот за закуп. Овие земјоделци веќе неколку години закупуваат околу 180 хектари државно земјиште. - Имавме договори на пет години, што ни завршија во 2014 година. Очекувавме дека ќе...

Грчките земјоделци ќе ги засилат протестите, можна е блокада и на границите

Грчките земјоделци одлучија да ги засилат протестите. На денешниот состанок на земјоделците од цела Грција, беше договорено секојдневно да се блокираат патиштата низ земјата од 12 до 14 часот и од 19 до 21 часот по локално време. За време на протестите, ќе бидат блокирани од 30 до 50 точки низ целата земја. Во информациите за блокадите не се споменува конкретно...

Земјоделците ги блокираа грчките автопатишта, засега нема блокади на границите

Движењето низ автопатиштата низ Грција деновиве ќе биде отежнато поради масовните штрајкови на грчките земјоделци. Тие се незадоволни од мерките на грчката влада за пензиското и за здравственото осигурување и од укинувањето на бенефициите. Повеќе од 10.000 земјоделци со своите трактори се распоредени на автопатиштата низ цела Грција и повремено го блокираат движењето низ нив. Засега нема блокада на граничниот премин Богородица, ниту кај...

Николовски: Преку „Платежна агенција“ се даваат субвенции на блиски на фамилијата

„Се наоѓаме пред зградата на фамозната „Платежна агенција“ за распределба на земјоделските субвенции. Зад овие врати е најтаинствената и најбитната институција во секторот земјоделство, за братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков“, обвини Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Преку оваа контроверзна институција се распределуваат милионски суми на земјоделски субвенции на луѓе блиски до фамилијата. Со потписите на...

Николовски: Земјоделците се жалат дека исполнуваат услови за субвенции, а пари нема

Во струмичко Босилово, земјоделците му се пожалиле на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, дека останале без субвенциите за 2012, 2013 и за 2014 година, иако сите документи и услови ги имаат исполнето. - Се прават намерни административни грешки, со што субвенциите им се кратат на 5.000 вистински земјоделци, а парите завршуваат кај луѓе блиски на власта – изјави Николовски. Тој испрати...