fbpx
Таг: земјоделци

таг: земјоделци

Ветувањето за дезинсекција го одложи протестот на сточарите

Ветувањето дека општините Берово и Пехчево ќе извршат дезинсекција како превенција против болеста „јазлеста кожа“ кај стоката, го одложи за денеска најавениот протест на сточарите. Најавената вакцинација привремено го смири гневот на сопствениците на крупен добиток, чии семејства живеат од продажбата на млеко и млечни производи, што моментално е стопирано. Штетите не застануваат тука, бидејќи стоката од зафатените со болест...

УНДП доделува грантови за земјоделците за опрема и за материјали

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) доделува грантови за набавка на земјоделска опрема и на материјали во висина до 300.000 денари во рамките на проектот за управување со сливот на реката Струмица, финансиран од Швајцарската агенција за развој и за соработка. Средствата ќе ги добијат најдобрите учесници на обуките за агроеколошко производство, кои ќе се одржат во периодот јули - ноември...

Земјоделците од Петровец го блокираа патот поради незадоволство од владините политики

Земјоделците од населба Петровец еден час го блокираа сообраќајот бидејќи се незадоволни од политиката на власта за земјоделците и од доделувањето на земјиштето, јавува „Алсат-М“. Како што велат, имаат проблеми бидејќи земјоделското земјиште не се доделува на вистинските земјоделци. - Земјиштето го земаат само две фамилии, а немаат ни стока, ни ништо. Се дава под концесија, па тие го изнајмуваат и заработуваат...

Праските и кајсиите претрпеа големи штети од студеното време

Студеното време пролетва предизвика штети кај праските и кај кајсиите во Тиквешкиот Регион. На терен, штети се утврдени и кај младите ластари од лозовите насади. Според градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, во некои села во овој регион причинети се големи штети, а за земјоделците ќе следи обесштетување. - Анализите на терен ќе ги дадат точните податоци за тоа колкави се навистина штетите. Но,...

Николовски: Се прави попис на земјоделците заради агитација

Луѓето на Груевски, поставени на раководни места во институциите, наместо во служба на земјоделците, имаат една единствена задача, да агитираат за ВМРО-ДПМНЕ и да ги држат земјоделците во заложништво, изјави денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Според Николовски, вработените во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, со седиште во Битола, сакале да прават своевиден попис кај земјоделците. - Директорот на оваа...

СДСМ го обвини Груевски дека ги уништи земјоделците

Пласманот на земјоделските производи цели 10 години е најболниот проблем на земјоделците, а криминалната влада на Никола Груевски не покажа никаков интерес да помогне, реагира опозицискиот СДСМ, по најавата за нови владини мерки за земјоделството. „Оставени сами, препуштени на уцените на трговците, десет години земјоделците напразно молат државата да им помогне. Со години имаат неплатено грозје, пиперки, ориз, праски, домати...

Фармерот Душко Илиевски на распит во полиција оти протестирал

Поранешниот фармер од „Сведмилк“, Душко Илиевски, денеска бил повикан телефонски на распит во полиција по синоќешниот протест на граѓаните за оставка на градоначалникот Владимир Талески. Илиевски и земјоделец од селото Егри, Гоце Талевски, велат дека синоќа биле тепани со пендреци од полицијата, откако се обиделе со кренати раце и со туркање да влезат во општинската зграда. Со видливи повреди по рацете и...

Сугарески: Субвенциите за земјоделците ќе бидат зголемени на 160 милиони евра

„Во 21 век, населените места во Македонија се без вода, канализација, амбуланта, пат. Бандата на Груевски потроши 630 милиони евра за споменици, а овде во Крушеани времето како да застанало“, рекле жителите на Крушеани, општина Кривогаштани, при средбата со пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески. Жителите се пожалиле на тешкото секојдневие и изјавиле дека „за вистинските земјоделци нема субвенции, бидејќи парите за субвенции...

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски да објасни за овоштарникот на Јанева

Љупчо Николовски сериозно му конкурира со своите лаги на некрунисаниот крал на лагите, аболираниот мултимилионер Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. „Очигледно Љупчо Николовски добил партиска задача да глуми и квазиексперт за слобода на медиуми. Кога веќе решил да излегува на прес-конференции и да се бламира со куп лаги...

Николовски: Наместо кај вистинските земјоделци, парите завршуваат кај сопственици на медиуми

Изјавите на министерот Михаил Цветков откриваат нови сомнежи дека сè уште се прават злоупотреби во Министерството за земјоделство и дека наместо кај вистинските земјоделци, парите завршуваат кај сопственици на медиуми, блиски до власта, изјави дополнителниот заменик-министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Според него, „со парите на граѓаните, со парите на вистинските земјоделци, се финансираат медиумите на Никола Груевски задолжени да...

Обесштетени граѓаните и земјоделците што претрпеа штети од ланските поплави

Една година по поплавите во штипско Ново Село и во Лакавичко, Владата и Општината Штип ги обесштетија граѓаните со поплавени домови и имоти. На 75 земјоделци и сопственици на имоти им биле уплатени 2.241.000 денари. - За разлика од порано кога се исплаќаше само 15 отсто од утврдената штета, сега станува збор за целосно обесштетување за поплавите што се случија...

Граничниот премин кај Дојран ќе биде блокиран до 23 часот

Грчката страна на граничниот премин Дојран ќе биде блокирана за сообраќај до 23 часот, информираат од АМСМ. Грчките земјоделци веќе еден месец протестираат против владините мерки, со кои се предвидуваат повисоки даноци и намалување на пензиите на земјоделците.

Сообраќајот кон Меџитлија целосно во прекин поради штрајкот на грчките земјоделци

Денеска од 9 до 15 часот и од 17 до 21 часот, во целосен прекин ќе биде сообраќајот за влез и за излез од Македонија кон Грција на граничниот премин Меџитлија - Ники, поради штрајк на грчките земјоделци, информираат од АМСМ. Грчките земјоделци веќе еден месец протестираат против владините мерки, со кои се предвидуваат повисоки даноци и намалување на пензиите на земјоделците. Земјоделците се одлучени...

Грчките земјоделци денеска на преговори со премиерот Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска напладне во својот кабинет ги очекува претставниците на земјоделците од земјоделските блокови низ цела Грција. Денешниот критичен состанок по повеќе од еден месец штрајкови и земјоделски блокади низ државата и на државните граници, треба да пресуди дали ќе се постигне компромис и ќе се стави крај на блокадите или, пак, ситуацијата дополнително ќе се...

Блокадите на грчките земјоделци продолжуваат со ист интензитет

Грчките земјоделци чекаат да се врати премиерот Алексис Ципрас за да се обидат да почнат преговори со грчката влада околу нивните барања за укинување на одлуката за намалување на пензиите и за укинување на земјоделските субвенции. Додека Ципрас се врати од Брисел, земјоделските блокади продолжуваат, а Грција останува поделена на два дела поради големата блокада на преминот Темпи кај Лариса. Со...

Продолжуваат блокадите на Богородица, Меџитлија и на Дојран

Грчките земјоделци најавија 24-часовна блокада од изутринава до утре на преминот Меџитлија и на границата со Албанија. Блокадата ќе биде пократкотрајна на другите два премини кон Македонија. Преминот кај Богородица ќе биде блокиран од 11 до 14 часот и од 19 до 22 часот по македонско време, додека преминот кај Дојран ќе биде блокиран од 17 до 21 часот вечерва. Четири недели откако првите трактори...

Граничниот премин Богородица и денеска ќе биде блокиран

Грчките земјоделци ќе го затворат преминот Богородица за возилата од 12 до 14 и од 19 до 23 часот. Илјадници земјоделци од 68 блокови низ Грција денеска ќе се сретнат во Атина на голем протест закажан за 18 часот вечерва. Од изутринава на пристаништето Пиреја пристигнаа повеќе од 2.000 земјоделци од Крит кои во моментов протестираат пред министерството за земјоделство. Протестот...

Нови блокади на границите со Грција

Блокадите на грчките патишта и на граничните премини продолжуваат додека грчките земјоделци се подготвуваат со тракторите утре да тргнат кон Атина за, ако што најавуваат, да го окупираат централниот плоштад Синтагма. Грчките земјоделци, според најавите, ќе го затворат преминот кај Богородица од 17 до 21 часот, додека кај Дојран ќе биде блокирано од 12 до 14 и од 19 до...

Утре затворен за влез и за излез граничниот премин Дојрани

Граничниот премин Дојрани за влез и за излез од Република Грција ќе биде блокиран од 18 до 21 часот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Од 13 до 23 часот денеска во целосен прекин е и во сообраќајот при влез и излез од Грција на граничниот премин Меџитлија,  поради штрајк на грчките земјоделци.  

Бугарите ја блокираа бугарско-грчката граница

Возачите на камиони во Бугарија денеска на најголемиот граничен премин Кулата-Промахон, го блокирале граничниот преминот со Грција за сите возила, како реакција на блокадата на овој премин од грчките земјоделци, кои веќе осум дена не дозволуваат возачите да ја поминат границата. На граничниот премин Кулата-Промахом е формирана колона на камиони долга околу 30 километри. Бугарското министерство за внатрешни работи соопшти дека е...

Старо обраќање на Црвенковски од пред три години прикажано како ново пред изборите

Пред изборите кои се одржаа на 8 мај 2024 година, Црвенковски немал никакво обраќање ниту порака испратена до власта. Црвенковски испратил порака дека Македонија е корумпирана држава, но тоа не...