fbpx

Фармерот Душко Илиевски на распит во полиција оти протестирал

-

Поранешниот фармер од „Сведмилк“, Душко Илиевски, денеска бил повикан телефонски на распит во полиција по синоќешниот протест на граѓаните за оставка на градоначалникот Владимир Талески.

Илиевски и земјоделец од селото Егри, Гоце Талевски, велат дека синоќа биле тепани со пендреци од полицијата, откако се обиделе со кренати раце и со туркање да влезат во општинската зграда. Со видливи повреди по рацете и по телото, двајцата земјоделци веднаш по протестот отишле на лекар и извадиле лекарски извештај за повредите.

Денеска Илиевски на телефон бил повикан од извесен инспектор во полиција дека мора да се јави на разговор бидејќи против него имало пријава дека тој нападнал полицаец.

– Еден од полицајците, додека туркавме со подигнати раце да влеземе во зградата, почна да ме удира со пендракот по рацете и по грбот. Удираше по мене и ме пцуеше. Сега целата работа се извртува и мене ме клеветат дека јас сум кренал рака на него, што е чиста лага. Во полицијата не отидов и им реков ако сакаат пред камери и пред мојот адвокат, нека ме апсат со комбито – вели Илиевски, кој пред пет години одлежа 12 дена притвор за дивиот коноп во неговата нива со компири.

На повреди од полициски пендрек се пожали и земјоделецот од Егри, Талевски, кој настрадал откако се обидел да го спречи полицаецот да удри со пендрекот по главата на пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски.

– Полицаецот што ме тепаше, лично го познавам. Прво ме опцу и на цел глас се закани дека сите ќе нè истепал. Го крена пендрекот кон главата на пратеникот Ковачевски, а јас го пресретнав. Потоа не знам како се најдов на земја, повеќе полицајци ме удираа и ми ја повредија ногата. За сите повреди стои во лекарскиот извештај – вели земјоделецот Талевски.

Пратеникот Ковачевски вели дека во инцидентот не е повреден.
– Ние гледаме протестите да бидат што помирни бидејќи не ни е целта полицијата, туку оставка од Талески и повлекување на одлуката за аболиција – вели Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...