Јордан го повлече амбасадорот од Иран

Јорданските власти денеска го повлекоа својот амбасадор во Иран на консултации, откако Техеран одбил да се меша во внатрешните арапски парашања, соопшти денеска „ТВ Арабија“.

– Јорданскиот амбасадор во Техеран е повикан во земјата на разговори – соопшти јорданското министерство за информирање и додаде дека по склучувањето на спогодбата за иранската нуклеарна програма со големите сили, Техеран изнел ставови кои претставуваат мешање во внатрешните прашања на арапските земји, особено заливските.

Односите на Иран со арапските земји, кои се претежно сунитски, се затегнати од почетокот на јануари, по прекинувањето на дипломатските односи меѓу Иран и Саудиска Арабија.

Техеран и Ријад на 3 јануари годинава ги прекинаа дипломатските односи, по погубувањето на шиитскиот имам во Саудиска Арабија и нападот на саудиската амбасада во Иран.