fbpx

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Американски извори за Си-би-ес велат дека Израел стои зад нападот, а ирански извори велат дека не е јасно дали ракетите дошле надвор од границите од Иран или станува збор за внатрешна „инфилтрација“

-

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си.

Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога лансираше преку 300 ракети, повеќето од кои беа соборени од израелските одбранбени сили. Иранскиот напад, пак, беше одговор на израелскиот напад врз ирански конзулат во Сирија, каде беа убиени 7 членови на иранската војска, вклучувајќи двајца генерали од Иранската револуционерна гарда.

Претставник од Иран изјави дека сè уште не е утврдено дека ракетите дошле надвор од границите на Иран, или станува збор за внатрешна „инфилтрација“.

Пентагон и Израел сè уште немаат официјален коментар за ситуацијата.

Со овој напад се зголемува стравот дека конфликтот меѓу Израел и Хамас може да ескалира во регионална војна. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен апелираше двете страни да се воздржат и да не го ескалираат конфликтот.

Според анализа на Гардијан, релативно малиот обем на нападот можно е да се перципира во Израел како недоволно јак потег од страна на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ваквиот став може да се види од објава на Х на Итамар Бен-Гвир, министерот за национална безбедност, која се состои од еден збор: „Слабо!“

Истовремено, САД постави вето во Советот за безбедност на Обединетите нации за барање на Палестина на членство ОН.

„Ова вето не претставува спротивставеност на државноста на Палестина, туку само е знак дека мир може да се постигне само со преговори меѓу двете засегнати страни“, изјави Роберт Вуд, претставникот на САД во ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...