fbpx
Таг: земјоделци

таг: земјоделци

Околу 3.000 земјоделци од Прилепско досега се пријавиле за субвенции

Околу 3.000 земјоделци од Прилепско досега го пријавиле своето производство за добивање субвенции од државата за оваа година, соопштија од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп. Рокот за пријавување за субвенции е продолжен до крајот на јуни. Според Коста Дурланов, раководител на подрачната единица, останува да аплицираат уште околу 900 производители. – До крајот на јуни, очекуваме...

По поплавите, наместо тутун и пченица, се садат пиперки и јачмен

Поради неповолните временски услови, голем број земјоделци се преориентираат од една на друга земјоделска култура, која е доходовна. Така, дел од кооперантите во тутунската индустрија го напуштиле одгледувањето тутун и почнале со производство на пиперка. Оваа земјоделска култура има добри приноси последните неколку години и е добра суровина за конзервната индустрија, која работи солидно и извозно е ориентирана. - Ако земјоделците...

Во тек е јавен повик за финансиска помош за земјоделците

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и во руралниот развој објави јавен повик за доставување барања за користење средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година. Средствата се предвидени за основање и за функционирање на земјоделски задруги регистрирани во регистар на земјоделски задруги при Министерството за земјоделство, шумарство и водстопанство, како и за организирање информативни и...

Во Битола се формира синдикално здружение за земјоделски спас

Земјоделци од сите краеви на Македонија денeска во Битола основаа ново земјоделско здружение со синдикален предзнак, под името „Републичко синдикално здружение за земјоделски спас“. За претседател на здружението е избран Николче Бошевски, земјоделец од селото Новаци, кој обработува повеќе од 20 хектари земјоделско земјиште и е еден од поголемите производители на пченица и на тутун во регионот. - Се здруживме за...

Исплатени субвенции за градинарски култури

Денеска се исплатени 130.000.000 денари субвенции како финансиска поддршка за површини со градинарски култури. Ова помош ја добија 8.595 земјоделци. Владата на земјоделците им исплаќа од 25.000 до 30.000 денари за еден хектар засадена површина со градинарски култури.  

Спасовски: Македонија тоне во сè поголема сиромаштија и во сè полоша економска состојба

Вчера и денеска, заедно со претседателката на Комсиијата за земјоделство, Татјана Прентовиќ, сме во посета на општините Новаци и Могила за да поразговараме со граѓаните за проблемите што ги мачат. Меѓутоа овде посебно се изразни проблемите во земјоделството, така што на терен разговараме за актуелните проблеми на земјоделците, пред сè, сега, со откупот на тутунот, вели Оливер Спасовски, генерален секретар...

Јавните давачки ги оставија земјоделците без субвенции

1.200 земјоделци минатата година останале без субвенции поради неплатена радиодифузна такса, водарина или пашарина. Поради неплатени јавни давчки, биле одбиени и барањата за добивање субвениции на извесен број земјоделци. Поради тоа, Асоцијацијата на земјоделци побарала од Министерството за земјоделство да побара законски измени, со кои, од средствата за субвенции ќе им се одземаат долговите за јавни давачки. Претседателот Ефтим...

СДСМ: Владата итно да ги исплати субвенциите на земјоделците

„Субвенциите не се добра волја на власта на Груевски, туку се обврска на државата кон земјоделците, загарантирана со закон. Затоа Владата го менува законот. Со тоа покажува дека нема намера да им помогне на земјоделците, туку има намера да се заштити од обврски кон нив и да ја пополни празната буџетска каса“, велат од СДСМ. - За нивно добро, ќе им...

(ВИДЕО) 100 тони фекалии од француските земјоделци за власта

Француските земјоделци истурија околу сто тони фекалии и арско ѓубре пред административните згради за време на нивните протести во Тулуз и во Нан, на 5 ноември. Протестите се одговор на новото европско законодавство, кое го регулира количеството на нитратите. https://www.youtube.com/watch?v=bXa_B3Hl38I

Владимир Путин во посета на Виетнам

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Виетнам, каде ќе се сретне со лидерите на владејачката Комунистичка партија. Со оваа посета, рускиот претседател ја завршува својата кратка тура на официјални...