fbpx

Јавните давачки ги оставија земјоделците без субвенции

-

1.200 земјоделци минатата година останале без субвенции поради неплатена радиодифузна такса, водарина или пашарина. Поради неплатени јавни давчки, биле одбиени и барањата за добивање субвениции на извесен број земјоделци. Поради тоа, Асоцијацијата на земјоделци побарала од Министерството за земјоделство да побара законски измени, со кои, од средствата за субвенции ќе им се одземаат долговите за јавни давачки. Претседателот Ефтим Шаклев вели дека заедно со УЈП, министерствата за финасии и за земјоделство и платежните агенции подготвиле предлог-имени на Законот за развој на земјоделството и рурален развој.

– Тоа е голема работа за нас бидејќи од различни причини, како што се неинформираност, незнаење или книговодствен пропуст, земјоделците остануваа без субвенции. Со измените, земјоделците нема да ги изгубат субвенциите, туку со исплатата ќе им бидат одземени средствата што ги должат – изјави Шаклев.

Сепак, Шаклев предупреди дека пребивањето на долгови не смее да стане навика на земјоделците бидејќи Министерството за земјоделство има свој календар на плаќање, што треба да се почитува.

За земјоделците од Штипско, членови на Асоцијацијата, измените се прифатливи.

– Порано, ако имавме каков било долг, автоматски бевме одбивани за субвенции. Мислам дека законот е добар потег и ќе им помогне и на оние земјоделци со долгови да добијат поддршка – изјави земјоделец од селото Таринци.

Дел од земјоделските здруженија се огласија против измените. Ефтим Шаклев смета дека со законските измени земјоделците ќе се ослободат од извршителите, кои веќе им тропаат на врата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...