fbpx
Таг: земјоделци

таг: земјоделци

Србиновски: Mи прават притисок за да ќарат поени кај земјоделците

„Чисти лаги и измислици“, вака раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола , Илија Србиновски-Шате, ги оценува обвинувањата и поднесувањето кривичната пријава против него од дополнителниот заменик-министер, Љупчо Николовски. - Ми прават политички притисок или, ако сакате, хајка против мене и моето семејство, бидејќи сакаат да добијат поени кај земјоделците во пелагонискиот регион. Но, јас со децении,...

УЈП организира обуки за регистрација и за паушално оданочување на земјоделците

Од декември, Управата за јавни приходи најавува серија обуки за регистрација и за паушално оданочување на земјоделците. Обуките ќе ги организира Даночната академија на УЈП и ќе бидат бесплатни. УЈП обезбедува неколку даночни олеснувања за лицата на кои земјоделството им е основна дејност, но и за тие на кои тоа им е дополнителна дејност. Сите заинтересирани што сакаат да учествуваат на овие обуки,...

Земјоделците од Битолско незадоволни, бараат спас во странство

Етничките Албанци од селата долж македонско-грчката граница кај граничниот премин Меџитлија масовно се иселуваат во западно-европските земји, тврдат нивни сожители. Жителите на селата Граешница, Лажец, Острец и Кишава, кои во најголем број се занимаваат со земјоделство и со сточарство, ѝ укажаа на Татјана Прентовиќ, претседателката на комисијата за земјоделие на СДСМ, дека се подготвени во секој момент да заминат во странство,...

Земјоделците да поднесат барање до УЈП за паушално оданочување

Земјоделците имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално, доколку нивниот приход од земјоделска дејност за годинава не надмине 1.300.000 денари, соопштуваат од УЈП. Тие се целосно ослободени од персонален данок, доколку приходот во 2015 година изнесувал до 300.000 денари. Доколку приходите се движат од 300.000 денари до 1.300.000 денари, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80 проценти од...

Земјоделците сè повеќе ги осигуруваат посевите

Годинава се потпишани 3.784 полиси за осигурување во земјоделството, а бруто-износот на полисираната премија изнесува 181 милион денари. Осигурувањто е повисоко за 63 проценти во однос на минатата година. Ова денеска го истакна министерот за финансии, Зоран Ставрески, по повод денот на осигурувањето. Почнувајќи од 2008 година, Владата воведе мерка за помош за премии за осигурување за примарното земјоделското производство, природни непогоди и...

Земјоделците бараат да се брендира гравот тетовец

Гравот тетовец да биде брендиран, побараа денеска учесниците на традиционалната манифестација „Ден на гравот“, која по шести пат се одржа во Теарце. Тетовските земјоделци велат дека се соочуваат со нелојална конкуренција. На пазарите се продава грав под името тетовски, а истиот е увезен претежно од Индија и од Пакистан и е далеку понеквалитетен. Купувачите се одлучуваат за увезениот, кој е со...

Исплатени се 32 милиони денари субвенции на земјоделците

Владата исплати 32.690.000 денари субвенции на 2.127 земјоделци за повеќе мерки, соопшти Министерството за финансии. На 2.025 сточари исплатени им се 27.500.000 денари, а исплатени се 2.890.000 денари за постојни овошни насади.

СДСМ на средба со жители на неколку села во Охридско

Работна група,  предводена од претседателката на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Татјана Прентовиќ, денеска се сретна со жителите на селата Горно Лакочереј,  Долно Лакочереј и Велгошти. На средбата беше нагласена пораката дека СДСМ во својата програма предвидува зголемен фонд на субвенциите за земјоделците и нивно навремено исплаќање. - СДСМ е активен на терен меѓу граѓаните и на непосреден начин...

Правото на старосна пензија, земјоделците ќе го користат од 1 јануари следната година

Неколку стотици земјоделци ќе го остварат правото на старосна пензија ако Собранието ги изгласа предлог-измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои Владата ги усвоила на последната седница. - Со овие измени се предлага да се воведе законска можност, во стажот на земјоделците да им се пресмета и времето поминато во осигурување, според Законот за старосно осигурување на земјоделците, кој...

Земјоделците од Тетовско поднесуваат документи за обесштетување

Од денеска па сè до 26 август, во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Тетово, земјоделците од Тетовско имаат можност да ги пријават штетите направени во големото невреме. За да се обесштетат земјоделците, при пријавувањето потребно е да приложат копија од лична карта или пасош, број на трансакциска сметка, катастарска општина и број на оштетената катастарска...

Ќе се решава проблемот со стажот на земјоделците

Премиерот Никола Груевски најави дека на наредната седница на Владата, ќе биде предложен закон со кој ќе биде решен проблемот на земјоделците околу пензискиот стаж исплаќан според законите од 1978 до 1988 година. На тој начин, ќе се признае стажот на земјоделците, што ќе биде во прилог на потребни години за остварување на правото на пензија. - Имаше барање од земјоделците за решавање на...

Министерството за финансии исплати 227 милиони денари субвенции на 8.711 земјоделци

Министерството за финансии исплати 227 милиони денари субвенции на 8.711 земјоделци за произведено млеко и за други мерки за поддршка на земјоделството. За произведено и продадедено овчо, кравјо и козјо млеко, на 8.562 земјоделци исплатени им се 206 милиони денари. Исто така, исплатени се 1,4 милион денари за поддршка на градинарско производство на отворено и под пластеници. За здружувања за земјоделско...

Земјоделците претрпеа штети од невремето во Тетово

Во невремето што го зафати Тетово, уништени се повеќе од 200 до 250 хектари земјоделско земјиште, ниви и посеви со целата реколта компири, грав, пченка, особено во Голема Речица. Ова денеска го оцени заменик-министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Ванчо Костадиновски, по денешната посета на тетовскиот регион. - И земјоделците претрпеа огромни штети, но многу скоро ќе биде извршена реална и објективна процена на штетите....

Силен дожд ги зафати Битола и Пелагониско

Силен пороен дожд со грмежи ги зафати попладнево Битола и пелагонискиот регион. Реки вода потекоа низ градот, а пелагониските ниви по еден месец, конечно се наводнети од дождот. - Овој дожд е добредојден најмногу за пченката и за тутунот, затоа што за другите земјоделски култури веќе е доцна. Господ и Свети Илија ѝ помогнаа на жедната Пелагонија, зошто од хидросистемот „Стрежево“...

Власта дава благодарност, опозицијата бара оставки за проблемот со водата во Битола

Водоснабдувањето на Битола и понатаму е најгорливата тема за битолчани овие денови, откако по свлечиштето на хидросистемот „Стрежево“ градот неколкупати остана без вода за пиење. Најтешко им е на пелагонските земјоделци, чиј род на нивите веќе се уништува без наводнување. Оваа тема деновиве уште повеќе ја разгорува и политичката сцена во Битола, па на обиколка во Пелагонија стасаа и политичари...

Следната недела, нов оглас за искористување на парите од ИПАРД

Следната недела ќе биде распишан нов оглас за искористување на парите од програмата ИПАРД. До крајот на годината, земјоделците ќе можат да искористат 18 милиони евра. На последните два огласи за ИПАРД аплицирале 1.200 земјоделци за кофинансирање во висина од 8 милиони евра. Најголем дел од проектите се однесувале за набавка на земјоделска механизација. Оние кои ќе сакаат да аплицираат ќе...

„Стрежево“ ја остави жедна Пелагонија

На пеколна температура од 40 Целзиусови степени, земјоделците во Пелагониско се без вода, нивите им горат на силното сонце, а родот им пропаѓа, обвинуваат земјоделци. - Сè што вложивме во нивите, во системите капка по капка, сè пропадна. „Стрежево“ наместо да ни донесе вода по нивите, ни донесе сиромаштија. Системите не ни се исплатени, а веќе родот ни пропаѓа. На...

Земјоделците ќе можат да користат кредити, во износ од 20 милиони долари

УСАИД и Министерството за земјоделство заеднички ќе финансираат механизам за парцијално гарантирање кредити, што ќе се овозможи зголемено кредитирање на индивидуалните земјоделци. Во следните десет години, ќе бидат гарантирани земјоделски кредити во вкупен износ од 20 милиони долари. Договорот за соработка меѓу Владата и Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции за земјоделство и за рурален развој во Македонија...

Земјоделскиот синдикат „Спас“ се приклучува во „Кампот на слободата“

Денеска земјоделците од Македонија, претставувани преку здружението „Спас“, влегуваат во „Кампот на слободата“ и даваат целосна поддршка на опозицијата во опстојување до падот и до смената на Никола Груевски, изјави Николче Бошевски, претседател на Синдикатот на земјоделците денеска на прес-конференција пред Владата. - Влегувањето во „Кампот на слободата“ го базираме на лагите и на лошата политика во секторот земјоделство. Со...

Груевски: Почнува отписот на долгови од придонеси за социјално осигурување

В сабота ќе почне реализацијата на Законот за отпис на долгови од придонеси за социјално осигурување, најави премиерот Никола Груевски, при денешата посета на охридско-струшкиот регион. Фирмите кои имаат заостанати долгови од придонеси, ќе можат да ги платат без да им се пресметуваат камати, информира премиерот. - За оние фирми чии долгови се од периодот до 2008 година, ослободувањето ќе биде...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...