fbpx

Груевски: Почнува отписот на долгови од придонеси за социјално осигурување

-

В сабота ќе почне реализацијата на Законот за отпис на долгови од придонеси за социјално осигурување, најави премиерот Никола Груевски, при денешата посета на охридско-струшкиот регион.

Фирмите кои имаат заостанати долгови од придонеси, ќе можат да ги платат без да им се пресметуваат камати, информира премиерот.

– За оние фирми чии долгови се од периодот до 2008 година, ослободувањето ќе биде 100 отсто, додека за оние што имаат насобрани камати од 2009 до 2014 година, ослободувањето ќе биде 70 отсто. Плаќањето може да биде на 36 рати. Претходно се планираше на 25, но конечно се одлучи на 36 рати – изјави Груевски.

Според него, со оваа мерка околу 16.500 фирми ќе ги решат своите проблеми со долговите од придонеси, а корист ќе имаат и повеќе од 5.000 индивидуални земјоделци.

Груевски, за време на денешната посета на охридско-струшкиот регион, меѓу другите активности, пушти во употреба нова спортска сала во Вевчани и игралиште во селото Лабуништа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...