fbpx

Силен дожд ги зафати Битола и Пелагониско

-

Силен пороен дожд со грмежи ги зафати попладнево Битола и пелагонискиот регион. Реки вода потекоа низ градот, а пелагониските ниви по еден месец, конечно се наводнети од дождот.

– Овој дожд е добредојден најмногу за пченката и за тутунот, затоа што за другите земјоделски култури веќе е доцна. Господ и Свети Илија ѝ помогнаа на жедната Пелагонија, зошто од хидросистемот „Стрежево“ за цело лето само трипати ни пуштија наводнување. Родот е уништен повеќе од 70 отсто – вели земјоделецот Душко Илиевски.

Сепак, дождот не го израдува мариовски дел на Битола, кој и денеска остана жеден.

А.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...