fbpx

„Стрежево“ ја остави жедна Пелагонија

-

На пеколна температура од 40 Целзиусови степени, земјоделците во Пелагониско се без вода, нивите им горат на силното сонце, а родот им пропаѓа, обвинуваат земјоделци.

– Сè што вложивме во нивите, во системите капка по капка, сè пропадна. „Стрежево“ наместо да ни донесе вода по нивите, ни донесе сиромаштија. Системите не ни се исплатени, а веќе родот ни пропаѓа. На пет дена добивме смо двапати вода за наводнување и ќе се испотепаме меѓусебе кој побргу  да ја зафати шахтата за да ги наводни нивите – вели земјоделецот Душко Илиевски, кој во Битолско одгледува компири и друг зеленчук.

Денсека на прес-конференција пред вратите на ЈП „Стрежево“, овој проблем го отворија и битолските социјалдемократи. Тие велат дека во период кога акумулацијата е полна со вода, во битолскиот дел од Пелагонија има недостиг од вода за наводнување на земјоделските површини.

Најзасегнати се селата Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгарино, Драгожани, Трн, Карамани, Могила и други, кои речиси секојдневно се без вода.

– Ова јавно претпријатие има обврска да испорача вода до нивите на земјоделците, кои имаат важечки договори со претпријатието и редовно си ги плаќаат обврските. Проблемот произлегува од ненавремената санација на свлечиште на главниот канал, уште од февруари, за време на поплавите. „Стрежево“ и Владата на РМ, како негов основач, треба да им објаснат на граѓаните зошто не реагираа половина година досега?! -рече Васко Ковачевски, пратеник и лидер на СДСМ во Битола.

Од ЈП „Стрежево“ признаваат дека наводнувањето на нивите во Пелагонија оди циклично за да не останат нивите без вода. Директорот на претпријатието, Марјан Ѓероски, вели дека проблемот на системот за наводнување е кај селото Драгарино, како последица од пролетните поплави и дека се бара начин како да се реши ситуацијата за што се ангажирани и експерти од Градежниот факултет.

На апелите на социјалдемократите дека „Стрежево“ на земјоделците ќе треба да им ја надомести штетата за уништениот род, Ѓероски вели дека засега нема сознанија дека земјоделците се пожалиле на претрпени штети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...