fbpx

Продолжуваат блокадите на Богородица, Меџитлија и на Дојран

-

Грчките земјоделци најавија 24-часовна блокада од изутринава до утре на преминот Меџитлија и на границата со Албанија. Блокадата ќе биде пократкотрајна на другите два премини кон Македонија. Преминот кај Богородица ќе биде блокиран од 11 до 14 часот и од 19 до 22 часот по македонско време, додека преминот кај Дојран ќе биде блокиран од 17 до 21 часот вечерва.

Четири недели откако првите трактори ги окупираа автопатиштата низ Грција и ја поделија на две, блокирајќи ги сите гранични премини, земјоделците чекаат на официјален повик од премиерот Алексис Ципрас за да се седне на преговарачка маса и да се разговара за реформите во здравственото и во пензиското осигурување.

Според информациите, земјоделците се отворени за дијалог со Ципрас, меѓутоа бараат како основа за преговори да се земат нивните барања да нема намалувања на пензиите и укинување на субвенциите и на земјоделските поволности што постоеја досега.

Додека се чека на следните чекори и одлуки за тоа што да се прави со повеќе од 100 земјоделски блокади низ целата земја, повремените блокади продолжуваат како и досега.

Земјоделските блокади остануваат еден од клучните проблеми на грчката влада во моментов, која од една страна е приклештена од барањата на народот, а и од другата од притисоците на европските кредитори што побргу да ги спроведе мерките и да најави намалување на пензиите и на здравствените поволности.

Автопатиштата остануваат блокирани, а границите наместо со туристи, се преполни со трактори и со транспаренти со кои земјоделците порачуваат дека нема да дозволат владата да ги доведе до просјачки стап.

Иако изминува речиси еден месец од блокадите, по трите големи протести, едниот во Солун на отворањето на саемот за земјоделство и двата големи протести во петокот и во саботата во Атина, на кои имаше повеќе од 15.000 земјоделци од цела земја, нема најави од ниедна страна дека наскоро може да се најде компромис и ситуацијата во Грција да се нормализира, за владата да може да се фокусира на спроведување на другите договорени реформи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...