fbpx

Вчера издадени потврди на само 451 мигрант

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 451 мигрант. Според државјанството, 240 лица што добиле таква потврда се со потекло од Сирија, 172 се државјани на Авганистан, а 39 се од Ирак.

Според податоците на МВР, од мигрантите на кои вчера им биле издадени потврди, 167 биле мажи, 99 жени, 183 деца што го придружуваат носителот на потврдата и две деца што патувале без родител.

Од 1 јануари, заклучно со вчерашниот ден, низ земјава, според МВР, поминале вкупно 80.627 мигранти, на кои им бил издаден ваков документ.

До Секторот за азил, во последните 24 часа не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил. Од почетокот на годината досега, да останат во земјава побарале 10 странски државјани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...