fbpx

Грчките земјоделци денеска на преговори со премиерот Ципрас

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска напладне во својот кабинет ги очекува претставниците на земјоделците од земјоделските блокови низ цела Грција. Денешниот критичен состанок по повеќе од еден месец штрајкови и земјоделски блокади низ државата и на државните граници, треба да пресуди дали ќе се постигне компромис и ќе се стави крај на блокадите или, пак, ситуацијата дополнително ќе се влошува.

Преговорите, сè уште непочнати, удираат во ѕид бидејќи дел од земјоделците не се согласни воопшто да се сретнат со премиерот, убедени дека нема да бидат ислушани нивние барања, а дел од нив ќе побараат средба во текот на утрешниот ден. Денеска, доколку нема некакви промени, треба да дојдат 17 претставници на блоковите од Северна Грција, Крит, Тесалија, Пелопонез и претставници од заедничкиот блок.

Ципрас и грчката влада во целост најавуваат дека се отворени за дијалог и веќе имаат подготвени одредени предлози кои се надеваат да одговорат на барањата на земјоделците и да помогнат да се најде заеднички јазик околу новите реформи. Од владата се надеваат да дојдат што повеќе претставници за да може што побргу да се најде решение за проблемот што создава тешкотии и во движењето низ државата, но и за увозот и за извозот од неа за балканските држави.

Според информациите во грчките медиуми, владата ќе понуди идеи за промени во реформите, на пример, одложување на зголемувањето на данокот за земјоделците на 20 отсто од 2019 во 2021 година, промени околу намалувањето на пензиите, распределба на земјоделците во повеќе различни групи за нивното пензиско и здравствено осигурување.

Промените беа постигнати на вчерашниот итен состанок во премиерскиот кабинет со министрите за земјоделство и за труд и социјала. Министерот за земјоделство, Вангелис Апостолу, по состанокот изјави дека со новите предлози е оптимист дека може да се постигне договор.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...