fbpx

Нови блокади на границите со Грција

-

Блокадите на грчките патишта и на граничните премини продолжуваат додека грчките земјоделци се подготвуваат со тракторите утре да тргнат кон Атина за, ако што најавуваат, да го окупираат централниот плоштад Синтагма.

Грчките земјоделци, според најавите, ќе го затворат преминот кај Богородица од 17 до 21 часот, додека кај Дојран ќе биде блокирано од 12 до 14 и од 19 до 21 часот по македонски време.

Затворен ќе биде и граничниот премин Меџитлија, од 10 до 22 часот според најавите во Грција.

Земјоделците штрајкуваат со блокади и со затворање на патишта и на гранични премини повеќе од три недели.

Пратеникот на десничарската Независни Грци, Теренс Квик, коментира дека чекорите на земјоделците за затворање на границите и за правење внатрешни проблеми се апсурдни, особено во време кога Грција се бори ЕУ да не ги затвори нејзините граници поради бегалците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...