Сугарески: Субвенциите за земјоделците ќе бидат зголемени на 160 милиони евра

„Во 21 век, населените места во Македонија се без вода, канализација, амбуланта, пат. Бандата на Груевски потроши 630 милиони евра за споменици, а овде во Крушеани времето како да застанало“, рекле жителите на Крушеани, општина Кривогаштани, при средбата со пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески.

Жителите се пожалиле на тешкото секојдневие и изјавиле дека „за вистинските земјоделци нема субвенции, бидејќи парите за субвенции завршуваат во џебовите на луѓе блиски до власта.“

– Откако СДСМ ќе ја преземе одговорноста, субвенциите ќе се доделуваат на вистинските земјоделци, тогаш кога ќе ви бидат најпотребни и ќе бидат зголемени на 160 милиони евра – изјавил Сугарески.