fbpx

Грчките земјоделци ги интензивираат протестите, најавија шестчасовни блокади

-

Грчките земјоделци не се повлекуваат од патиштата. На денешните состаноци тие се договорија да ги засилат блокадите. Наместо четиричасовни блокирања на патиштата, отсега блокадите ќе траат по шест часа. Земјоделците најавија дека блокадите ќе ги опфатат и граничните премини, автопатиштата, па дури и пристаништата во земјата.

Денеска напладне беа блокирани граничните премини Богородица и Меџитлија, а за вечерва од 18 до 20 часот се очекува да биде затворен само преминот Меџитлија. Неизвесно е дали ќе биде блокиран и преминот Богородица.

Одлуката за шестчасовни протести беше донесена денеска на двата состаноци на земјоделците, еден во Лариса и еден во Солун. Земјоделците ќе ги блокираат граничните премини и патиштата од 12 до 14 часот по локално време, а во вечерните часови од 18 до 21 часот по грчко време. Земјоделците од Северна Грција најавија блокади денеска од 18 до 21 часот, а истите ќе учествуваат и на протестот в четврток во Солун.

Земјоделците поставија услов дека ќе се сретнат со премиерот Алексис Ципрас само доколку тој се согласи да се отфрли законот за пензиско и за здравствено осигурување и со нив да почне преговори за тоа како би изгледал овој закон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.