fbpx

Продолжуваат блокадите на грчките земјоделци

-

Грчко-македонската граница ќе биде блокирана и денеска. Грчките земјоделци ќе ги блокираат премините Евзони и Дојран од 12 до 14 часот и 18 до 21 часот по грчко време.

За утре земјоделците се закануваат со 24-часовна блокада на патиштата и на границите од пладне в сабота до пладне в недела. Конечната одлука се очекува да се донесе во текот на денешниот ден. Блокадата се очекува да биде и на автопатиштата, но и на граничните премини кон Македонија, Турција и кон Бугарија.

Според информациите, Бугарија веќе реагирала до Европската комисија поради блокадите кои прават штети на голем број трговци и компании, чии камиони со денови се заглавени на границата со Грција.

Делот околу Белата кула во Солун денеска ќе биде под опсада на тракторите од Северна Грција, кои сепак не планираат да го блокираат булеварот, но да бидат присутни за и така да ја испратат својата порака по завршувањето на 24-часовниот масовен штрајк во земјата.

Земјоделците најавуваат само интензивирање на протестите за да извршат поголем притисок врз грчката влада за да се повлече законот за пензиско и за здравствено осигурување, но и законите со кои се укинуваат даночните и финансиските поволности за земјоделскиот сектор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...