fbpx

Грчките земјоделци ќе ги засилат протестите, можна е блокада и на границите

-

Грчките земјоделци одлучија да ги засилат протестите. На денешниот состанок на земјоделците од цела Грција, беше договорено секојдневно да се блокираат патиштата низ земјата од 12 до 14 часот и од 19 до 21 часот по локално време. За време на протестите, ќе бидат блокирани од 30 до 50 точки низ целата земја.

Во информациите за блокадите не се споменува конкретно дали ќе биде блокиран граничниот премин Богородица кон Грција, но имајќи предвид дека во текот на денот имаше двочасовен штрајк, не е исклучено ова да се повтори и во следните денови во термините предвидени за штрајкови, односно од 11 до 13 и од 18 до 20 часот по македонско време.

Со сигурност се знае дека има блокади на границите со Бугарија и со Турција.

Земјоделците се согласија да се сретнат со премиерот Алексис Ципрас и директно со него да поразговараат околу нивните барања, за да не се најдат на удар на новите зголемувања на даноци и на укинувањата на пензиските и на здравствените бенефиции.

Додека не се оствари средбата, Грција останува поделена на два дела со постојани протести. Низ автопатиштата на државата поставени се околу 15.000 трактори, а не е исклучено да се приклучат и уште поголем број земјоделци.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...