fbpx

Грчките земјоделци почнуваат со блокади на неодредено време

-

Нов сообраќаен кошмар и притисоци врз владата создаваат од денеска грчките земјоделци.

Штрајкувачите одлучија да го затворат преминот Темпи кај Лариса на неодредено време. Преминот ќе го затворат денеска напладне, а неизвесно е кога повторно ќе биде отворен.

На овој начин Грција симболично е поделена на два дела, а патувањето од северниот дел на Грција до Атина преку споредни патишта се одолжува за дополнителни три часа.

Блокадите продолжуваат и на трите гранични премини Богородица, Дојран и Меџитлија. За денеска нема посебна најава. Се очекува блокадите да траат како и вообичаено, од 11 до 14 и од 18 до 21 часот. Земјоделците на преминот Богородица имаат оставено од 50 до 100 трактори и се појавуваат лично на преминот со дополнително засилување точно во термините на блокадите. Во другиот дел од времето преминувањето на границата се одвива непречено, без никакви проблеми.

Од вкупно 135 блокади колку што има низ цела Грција, од 68 места земјоделците в петок ќе заминат во Атина на протест. Најавуваат дека планираат да го „окупираат“ централниот плоштад Синтагма барем два дена за да извршат уште поголем притисок врз грчката влада и за да бидат прифатени нивните барања.

Барањата на оваа група се приходите до 12.000 евра да не се оданочуваат, владата целосно да го повлече новиот закон за здравствено осигурување, да не се укинат даночните бенефиции и субвенции за земјоделците, купувањето нафта за земјоделците да биде без ДДВ, да се укине данокот на додадена вредност за земјоделските машини и материјали и да нема данок и на виното и на ракијата.

Доколку не им бидат прифатени барањата, се закануваат со дополнителни долгорочни блокади.

Од грчката влада коментираат дека земјоделците се однесуваат себично, одбивајќи ги владините покани за дијалог и за средби.

Покрај блокадата на Темпи, речиси по цел ден веќе три недели се блокира и грчко-бугарската граница, на која има 30-километарска колона од камиони. Изутринава таму бил забележан мал инцидент откако бугарски возачи со камиони се обиделе да го разбијат блокот на земјоделците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...