fbpx

Граничните премини Меџитлија и Дојран затворени поради штрајк на грчките земјоделци

-

Денеска од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот, поради штрајк на грчките земјоделци, со поставување земјоделски машини и трактори во близина на граничните премини Ники (Меџитлија) и Дојрани, сообраќајот ќе биде во целосен прекин при влез и при излез од Република Грција, информира Автомото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по на места влажни коловози.

Поради појава на магла до 50 метри видливост има на патните правци Скопје – Катланово, Скопје – Миладиновци, Катланово – Скопје, Македонски Брод – Кичево и од 100 до 150 метри видливост има на патниот правец Катланово – Велес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...