четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: АМСМ | 149 резултати

Поради одрон кај Башино Село сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива по една коловозна лента

октомври 27, 2025

Сообраќајот на државните патишта утринава (27 октомври 2025, 06:56 часот) се одвива непречено, но по влажни коловози, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). На автопатот Скопје – Велес, по патарината Сопот и пред тунелите кај Башино Село, поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната лента. Од ПС за безбедност во патниот сообраќај […]

Се излизга машина за чистење снег кај Богданци, патот кон Гевгелија затворен

јануари 13, 2025

Од 09:50 часот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, поради излизгана машина за чистење на снег, сообраќајот е во прекин во двата правци, информира АМСМ. „Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег […]

Затворен за сообраќај автопатот Демир Капија – Смоквица од Коридорот 10

јануари 12, 2025

Авто-мото сојузот на Македонија известува дека од денеска од 15.50ч во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Демир Капија- Смоквица и сообраќајот се се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102. Неофицијално, причината за прекин на сообраќајот се излизгани камиони поради наносите од снег. На овој автопат во тек се активности за реконструкција […]

Состојба на патиштата: На кои патни правци има забрана за движење на тешки товарни возила

јануари 12, 2025

Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) утрово информираше дека поради снежните наноси денеска, 12.01.2025 година забранет е сообраќајот за тешки товарни возила на следните патни правци: КриваПаланка граничен премин Деве Баир Гостивар-Маврово-Дебар Гостивар-Стража-Кичево Пресека Плетвар ГП Делчево кон Бугарија за возила над 7.5 тона Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба […]

Зголемен интензитетот на сообраќај на ГП Богородица и Табановце

јули 21, 2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. Се забележува поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина […]

Зимската опрема од денеска задолжителна во возилата

ноември 15, 2023

Носењето зимска опрема во возилата од денеска е задолжително, потсетуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Без оглед на актуелната временска состојба, од 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Оваа обврска за возачите трае до 15 март. За […]

Одрон и поплава го затворија регионалниот пат Росоман- Прилеп

јуни 11, 2022

Регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај месноста викана „Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот, информираат од АМСМ, а од Центарот за управување со кризи велат дека од утрово изведувачот на новиот пат работи со механизација за расчистување на патот. Причина за одроните се интензивните врнежи од дожд во последните неколку денови, заради […]

Делови од земјава под снег, врнежите од снег и дожд ќе продолжат и денеска

март 21, 2021

Доаѓањето на пролетта годинава донесе врнежи од снег во делови од земјава. Од ЈП „Македонијапат“ утрово информираат дека врнежи од снег со променлив интензитет има речиси низ целата земја, сообраќајот се одвива по влажни коловози, а остатоци од кашест снег има на планинските премини. АМСМ информира дека поради врнежи од снег на патот Кичево – […]

АМСМ: Отежнат сообраќај на повеќе патни правци, целосна забрана за сите возила на патот Ранковце-Герман

февруари 15, 2021

Поради ниските температури, голомразица и остатоци од кашест снег, сообраќајот низ патиштата во државата утринава се одвива отежнато. Целосна забрана за сите видови мотрони возила има на патот меѓу селата Ранковце и Герман, а за неколку други патни правци има забрана за движење за тешки товарни возила, информираа од Авто-мото сојузот на Македонија утринава.  Од […]

Затворена една лента на дел од aвтопатот Скопје – Велес

мај 29, 2019

Левата коловозна лента на автопатот А1 од Скопје кон Велес, на делот помеѓу наплатна станица Сопот и Башино Село, денеска од 10 до 13 часот ќе биде затворена за сообраќај, информираат од АМСМ. Затворањето на коловозната лента е поради изведување градежни активности.На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат.

Aвтопатот Тетово-Скопје е пуштен за сообраќај

февруари 14, 2019

Aвтопатот Тетово-Скопје е пуштен за сообраќај, но се уште е затворен за сообраќај стариот пат Скопје –Тетово, информира Авто-мото сојузот на Македонија. На автопатот од изутрината се вршеше увид на местото на синоќешната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 14 лица.

Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје – Тетово

февруари 13, 2019

Нормализиран е сообраќајот на релацијата Скопје – Тетово, кој беше во прекин повеќе од три часа поради тешката сообраќајна несреќа на автобус, во која загинаа 13 лица. Од АМСМ соопштија дека сообраќајот е пуштен во двата правци во 20.45 часот.

Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

јануари 25, 2019

Поради обилните врнежи од снег од Авто мото-сојузот на Македонија информираат дека од 11 часот на сила стапила забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Барбарос, поточно на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп и на патот Прилеп-Кавадарци, на планинскиот превој Плетвар, додека пак од 12 часот на сила стапи забраната за […]

Поради магла намалена видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка, Буково и Стража

јануари 22, 2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија и додаваат дека засега забележани се врнежи од снег со слаб интензитет само на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Поради појава на магла, додаваат од АМСМ, намалена видливост […]

Поради снежните врнежи, забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

декември 18, 2018

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во северозападните делови, југозападните и источните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража како и на патниот […]

На Богородица се чека до еден час, на Табановце до 45 минути

август 16, 2018

На граничниот премин Богородица од македонска страна за излез се чека од 40 до 60 минути, додека на Табановце од половина час до 45 минути. Од АМСМ информираат дека возилата на Богородица се пропуштаат во неколку колони. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските […]

На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за излез од државата

август 8, 2018

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и за излез од државата се чека од 15 до 30 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за […]

АМСМ: Интензитетот надвор од градските средини е зголемен

август 6, 2018

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во […]

AМСМ: Свлечишта на два патни правци

април 4, 2018

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Прекин во сообраќајот има на патниот правец Крива Паланка – село Огут поради свлечиште. Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на расчистување на свлечиштето и нормализација на сообраќајот. Исто така, поради свлечиште, на патниот правец Макази – […]

Свлечиште на патот Гостивар – Кичево, сообраќајот се одвива по една лента

март 29, 2018

Сообраќајот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај селото Тајмиште, се одвива по една сообраќајна лента поради свлечиште, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Од таму додаваат дека дежурните екипи на „Македонија пат“ се на терен, работат на расчистување и нормализирање на сообраќајот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Страна 1 од 8