fbpx

Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

-

Поради обилните врнежи од снег од Авто мото-сојузот на Македонија информираат дека од 11 часот на сила стапила забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Барбарос, поточно на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп и на патот Прилеп-Кавадарци, на планинскиот превој Плетвар, додека пак од 12 часот на сила стапи забраната за движење на камиони и на патниот правец Крива Паланка граничен премин Деве Баир.

Од раните утрински часови беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а забрана само за тешки товарни возила има и на патот Дебар – Маврови Анови и обратно и планинскиот превој Стража.

Во 11 часот, како што информираат од АМСМ престана да важи забраната за тешки товарни возила на А-3 планински превој Ѓавато од Ресен кон Битола.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка, Маврово, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...