fbpx

Делови од земјава под снег, врнежите од снег и дожд ќе продолжат и денеска

-

Доаѓањето на пролетта годинава донесе врнежи од снег во делови од земјава. Од ЈП „Македонијапат“ утрово информираат дека врнежи од снег со променлив интензитет има речиси низ целата земја, сообраќајот се одвива по влажни коловози, а остатоци од кашест снег има на планинските премини.

АМСМ информира дека поради врнежи од снег на патот Кичево – Охрид, од 9:30 часот утрово е воведена задолжителна употреба на зимска опрема за тешките товарни возила. Поради обилните врнежи, возачите треба да внимаат особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека во текот на денот ќе биде облачно и студено, со врнежи од дожд и снег на пониските, а само од снег на повисоките места и на планините. До крајот на денот, речиси насекаде ќе се формира снежна покривка, која ќе биде позначителна во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер, а максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со мешани врнежи од дожд и снег и максимална температура до 3 степени.

Врнежите од снег и дожд ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, а од УХМР информираат дека до утре до крајот на денот позначителна снежна покривка ќе се формира на планините. Во западните и североисточните делови од земјава ќе има снежна покривка до 15 сантиметри, а мала снежна покривка до 5 сантиметри може да се очекува и во Скопската Котлина. Од утре до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Premium WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download mobile firmware
Premium WordPress Themes Download
lynda course free download