fbpx

Грчките земјоделци денеска ќе ја блокираат македонско-грчката граница

-

Грчките земјоделци продолжуваат со блокирање на грчките автопатишта. Земјоделците најавија дека денеска од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот ќе биде блокирана македонската граница, но и границите со Бугарија и со Албанија, како и ред други точки и дел од автопатиштата низ целата земја.

На 15.000 трактори и на илјадници земјоделци, кои се распоредени на клучни точки низ цела Грција, денеска ќе им се приклучат и возачите на камиони, кои ќе ги засилат дополнително блоковите со камиони и со цистерни.

Демонстрантите ќе имаат нов состанок во вторник, на кој ќе се одлучи како ќе продолжат блокадите против владините мерки, со кои се предвидуваат повисоки даноци и намалување на пензиите на земјоделците, а ќе одберат и претставници кои ќе заминат да се сретнат деновиве со премиерот Алексис Ципрас.

Земјоделците се одлучени да не се откажат од протестите додека не бидат исполнети нивните барања, додека од грчката влада јасно истакнуваат дека менувањето или откажувањето од оваа мерка ќе ја загрози грчката стабилност и одново ќе ја стави Грција пред закана да биде исклучена од еврозоната.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...