fbpx

Николовски: Тендерот со кој Груевски го награди Ѕинго, скапо го платија земјоделците

-

Тендерот со кој Груевски го награди својот партнер Ѕинго, за жал, скапо го платија земјоделците и граѓаните, кои претрпеа огромни штети поради неисчистените канали, изјави дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

– Изгубија цели реколти, а во најголемата житница Пелагонија наместо жетва, производителите ги броеја загубите. Скапо ја чинеше и државата, штета од неверојатни 5,3 милиони евра. Нема бегање од одговорност за никој. Најавувам дека ќе поднесеме кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против министерот Михаил Цветков. Во време на склучување на договорот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, раководено од Михаил Цветков, со „Силекс неметали“, министерот сè уште официјално, според Централниот регистар на Македонија, бил член на управен одбор на „Силекс АД Кратово“. Министерството раководено од Цветков, евидентиран како член на управниот одбор на „Силекс АД Кратово“, во никој случај не смее да склучува ваков договор затоа што постои класичен судир на интереси“, вели Николовски.

Како што кажа дополнителниот заменик-министер, изјавата на која се повикува Цветков, заверена на нотар, не ја исклучува кривичната одговорност на министерот затоа што не бил избришан официјално во овластениот орган – Централен регистар на Македонија.

„Регистрација, промена и бришење на субјектите од трговскиот регистар врши единствено Централен регистар на РМ, а не нотар. Бришењето на податоците во Централниот регистар има правно дејство единствено со извршената промена на податоците во Централен регистар. До моментот на вршењето на уписот, односно бришењето, министерот бил формален и законит член на управен одбор поради што бил должен да постапува во согласност со законите“, изјави Николовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...