fbpx

Манчевски: Новата влада на СДСМ ќе ги врати парите кај граѓаните

-

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, заедно со членот на извршниот одбор, Благој Бочварски, вчера беа помеѓу граѓаните од населените места во Пехчевско – Црник, Умлена и Робово.

– Повеќе од 600.000 граѓани ја напуштија земјата поради невработеноста и нискиот животен стандард, 180.000 граѓани живеат со помалку од 40 денари на ден, а Груевски и „фамилијата“ потрошија повеќе од 630 милиони евра само за споменици. Мора да ги промениме работите. Новата влада на СДСМ ќе ги промени приоритетите, парите ќе ги вратиме кај граѓаните – рече Манчевски.

Земјоделците во Робово на Манчевски му истакнале дека субвенциите доцнат и се исплаќаат селективно, на луѓе блиски до власта.

Манчевски им вети дека владата на СДСМ ќе исплаќа субвенции на вистинските земјоделци, во време кога им се најпотребни, ќе има рамноправност на големите и на малите земјоделци во постапката на доделување субвенции, ослободување на земјоделците од персоналниот данок за приходи над 300.000 денари, полесно пензионирање и бенефициран стаж.

На средбите со граѓаните Манчевски го потврди ставот на СДСМ дека без прочистен избирачки список и без слободни медиуми, нема фер и демократски избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...