fbpx
Таг: Украина Русија

таг: Украина Русија

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Русија изврши напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз украинските региони Харков и Днепро, при што беа повредени најмалку шест лица и беше погодена критична инфраструктура, комерцијални и станбени згради, соопштија регионалните власти, а пренесе Ројтерс. Украинските воздухопловни сили соопштија дека руските сили лансирале 13 беспилотни летала Шахед насочени кон регионите во североисточниот и центарот на земјата. „Единиците за...

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и Словачка, кои наводно ја поддржуваат Русија во набавката на оружја. „Денешните дејствија дополнително ќе ги нарушат и деградираат воените напори на Русија со напад врз нејзината воена индустриска база и мрежите...

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле во зградата немале доволно време да се евакуираат, бидејќи сирените се активирале само неколку минути пред нападот. „Типот на ракета во моментов се испитува. Форензичарите ги вршат соодветните проценки“, рече портпаролот...

Руските сили ја преземаат контролата врз села во украинската област Доњецк

Руските сили го зазедоа селото Семенивка во украинската област Доњецк, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, пренесе „Гардијан“. Вчера министерството го објави заземањето на Новобахмутивка, друго село блиску до Очеретина, кое стана централно место на борбите во последниве денови. Во меѓувреме, украинскиот министер за земјоделство го поздрави завршувањето на повеќемесечната гранична блокада од полските демонстранти, за која рече дека следела по...

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на Краснодарската област и два над полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година. „Тие се обидоа да ги нападнат нафтените рафинерии и инфраструктурата. Според информациите од местото на настанот, нема...

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но и го принудува сопственикот на ТикТок да ја продаде социјалната мрежа поради безбедносни причини, пренесува Би-би-си. Долниот дом на Конгресот, односно претставничкиот дом, изминатиот викенд го изгласа предлог-законот, а се очекува...

Не е точно дека украинскиот претседател Леонид Кучма (1994-2005) бил исклучиво свртен кон Русија

Објави на социјалните мрежи излегуваат со тврдења за наводната блискост на украинскиот претседател Леонид Кучма (1994-2005) со Русија. Иако тој се обидувал да одржува нормални односи со Русија, сепак, неговата надворешна политика далеку од тоа дека била свртена кон Русија. Особено што земјата токму во текот на неговото владеење официјално изрази желба за влез во НАТО. Со ова паѓаат...

Што се крие зад обидите на Русија да ја поврзе Украина со терористичкиот напад во Москва?

Минатата недела руската државна телевизија емитуваше снимка од сослушувањето на четворицата осомничени. Еден од обвинетите пред камера изјавил дека планот бил по нападот да се упатат кон Киев. Други обвинети зборуваа за наводната помош што им била ветена при преминувањето на украинската граница. Нивните зборови мора да се земат со голема претпазливост. За време на судското појавување по нивното...

Невистинито: На фотографијата не се жени кои ги пријавиле сопрузите за мобилизација во украинската војска

На фотографијата не се прикажани жени кои биле наградени затоа што ги пријавиле своите сопрузи во војска, туку жени од урбаната заедница Лозова кои изработиле и спровеле голем проект за овековечување на споменот на загинатите војници од заедницата. Тие биле вклучени во изработка на повеќе проекти поради што градоначалникот им се заблагодарил, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Анализираме објава на Фејсбук која споделува...

САД одобри 61 милијарда долари за воена помош за Украина

Претставничкиот дом изгласа мерка со која одобри милијарди долари за воена помош за Украина, Израел и земји во југоисточна Азија, вклучувајќи го Тајван, пренесува Би-би-си. Мерката вклучува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди долари за Израел, од кои 9 милијарди ќе се искористат за хуманитарна помош за Газа, и 8,1 милијарди за југоисточна Азија за „спротивставување на комунистичката Кина“. Украинскиот...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен објект во областа Одеса. „Руските терористички сили уште еднаш ја нападнаа индустриската инфраструктура на Запорожје, лансирајќи проектили“, напиша Иван Федоров, началник на управата. Вкупно 86 судири се случиле долж линијата на фронтот...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за публиката да се збуни околу тоа „кој прв почнал“. Филмот го нагласува палежот врз проруските активисти во Одеса на 02.05.2014 година, што го опишува како геноцид, но премолчува дека во...

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија, руските власти намерно ги отстрануваат децата од Украина со намера да ги свртат против нивната татковина, пишува Њујорк Тајмс. На ова се додаваат уште два пропагандни столбови кои имаат за...

Лага е дека САД финансираат украински нацисти

Тврдењата дека САД финансирале украински нацисти, а Путин исправал некакви неправди во Украина и почнал операција за денацификација, се неточни и имаат за цел само да ја оправдаат руската воена агресија. САД во никој случај не финансираат украински нацисти. Русија ја нападна Украина, а Украина има право да се брани. Во тоа ѝ помагаат демократски развиените држави членки на НАТО и...

Украинско МНР: Русија е единствената држава во светот која се обидува да украде нуклеарна централа

Одговорните во Министерството за надворешни работи на Украина, денеска реагираа во врска со повторните руски провокации во централата во Запорижја. Оттаму велат дека единствен извор на закани за АЕЦ Запорижја биле и останале незаконските и злосторни дејствија на руските напаѓачи. „Русија е единствената држава-терорист во светот која не само што зазема, милитаризира и се обидува да украде нуклеарна централа, туку...

Најмалку две лица загинаа во руски напад со дронови врз Харкив

Две лица загинаа, а најмалку 10 се повредени во руски напад со дронови врз вториот по големина град во Украина, Харкив, соопштија утрово националните служби за итни случаи и градоначалникот на градот Игор Терехов, а пренесе Гардијан. Терехов на Телеграм напиша дека цел на нападот бил Шевченкивски – северна област на градот. Нападот бил извршен со беспилотни летала од Иран,...

НАТО дискутира за формирање посебен фонд од 100 милијарди евра за Украина

Министрите на НАТО вчера во Брисел го разгледуваа предлогот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за посебен фонд од 100 милијарди евра за долгорочна воена поддршка на Украина, објави германската новинска агенција ДПА. Столтенберг предложил „да се создаде плик со 100 милијарди евра за следните пет години“, рече белгискиот министер Хаџа Лахбиб пред почетокот на дводневниот состанок. „Ќе ја анализираме одржливоста на...

Анализи во ЕУ: Страв дека конфликтот во Украина може да ескалира во поширока европска војна

Шефовите на дипломатијата на НАТО заседаваат во Брисел со клучна анализа дека „Русија е најзначајната директна закана“ за Западот и дека Москва ги интензивира операциите на инфилтрација и дестабилизација во Босна и Херцеговина, Молдавија и Грузија, пишува шпанскиот весник „Паис“, во време кога во Западна Европа расте стравот дека украинско-рускиот конфликт може да се претвори во поширока европска војна. Во...

Москва 2024 ја демаскираше Москва од 2022 година – специјалната операција стана војна

Сите случувања во март околу и за Украина, како и во самата Русија, недвосмислено укажуваат на еден факт – Москва повеќе не се обидува да ги сокрие своите намери и крајната цел во врска со агресијата врз Украина што ја започна во февруари 2022 година. „Чудесно“ трансформирајќи ја својата „специјална воена операција“ во војна, Москва ја признава својата намера...

Лажниот атентат врз Такер Карлсон – циклон од дезинформации, про-руски наративи и теории на заговор

Такер Карлсон – конзервативен коментатор, бивши водител на Фокс Њуз и љубител на теории на заговор – не е ставен на украински „список за стрелање“ поради интервјуто со рускиот претседател Владимир Путин. На социјалните медиуми се споделува скриншот фотографија во која се гледа профил на Карлсон напишан на украински јазик. Сликата е преземена од веб страна на украинска невладина...