Таг: Украина Русија

таг: Украина Русија

Русија испали проектили врз детска болница во Киев, нападнати повеќе градови низ земјата

Русија денеска изврши напад со десетици проектили врз повеќе градови низ Украина во кој загинаа најмалку 20 луѓе и беше погодена детска болница во Киев, соопштија официјални лица а пренесе агенцијата „Франс прес“. Рускиот напад дојде кога претседателот на Украина Володимир Зеленски требаше да дојде во Варшава, соопшти полската влада, пред тој да одлета на самитот на НАТО во Вашингтон. „Руските...

Нов голем напад на Русија врз украинската енергетска инфраструктура

Руските вооружени сили во текот на ноќта извршија нов масовен напад врз енергетската инфраструктура на западот и југот на Украина, соопшти украинското Министерство за енергетика. Објектите на Укренерго (украинскиот оператор) се оштетени во регионите на Лавов на запад и на Запорожје на југ, каде двајца работници се повредени и хоспитализирани, се додава во соопштението на Министерството. Таму се вели дека ова...

Украина и Молдавија ќе започнат со преговори за членство во ЕУ

Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) се согласија формално да започнат евроинтеграциските преговори за Украина и Молдавија. Преговорите ќе започнат на 25 јуни, пренесува Ројтерс. Отворањето на преговорите значи дека Унгарија го повлекла своето вето за членство на Украина во ЕУ. Ставот на Унгарија, која има блиски односи со Русија, досега беше дека Украина не ги исполнува потребните услови...

Светските лидери се собираат во Швајцарија на мировен самит за Украина

Повеќе од 100 лидери, меѓу кои потпретседателката на САД, Камала Харис и претседателите или шефовите на земјите од ЕУ, Јужна Америка, Блискиот Исток и Азија, денеска ќе се соберат во Швајцарија за еден од најамбициозните обиди досега да се создаде мировен план за Украина. На дводневната мировна конференција, која ќе се одржи во луксузното одморалиште Бургеншток надвор од Луцерн, ќе...

Нема најави дека земји од НАТО се подготвуваат за нуклеарни напади врз Русија

Во последно време зачестуваат заканите од Москва за употреба на нуклеарно оружје, а дезинформациската машина на Кремљ на социјалните мрежи се обидува да го обвини НАТО дека „се подготвува за нуклеарни напади внатре во Русија“, иако такви најави нема, туку станува збор за закана со цел да се спречи помошта за Украина која пристигнува од НАТО земјите, пишува Вистиномер.  Текстот...

Украина тврди дека погодила рaкeтни системи С-300 во Русија

Украинските сили соопштија дека успешно го погодиле рускиот ракетен систем С-300, користејќи оружје доставено од Запад на руска територија. „Прекрасно гори. Тоа е руски С-300. На руска територија. Првите денови по дозволата да се користи западно оружје на непријателска територија“, објави украинската владина министерка Ирина Верешчук на Фејсбук со фотографија на која наводно се гледа нападот. Подоцна, оваа објава беше избришана. Како...

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина, мета била енергетската инфраструктура

Русија денеска изврши голем ракетен и беспилотен напад врз Украина, оштетувајќи ги енергетските капацитети во пет региони низ земјата, соопштија официјални лица, пренесе новинската агенција Хина. Украинскиот национален мрежен оператор Укренерго објави дека нападот оштетил енергетски објекти во источен Доњецк, југоисточен Запорожје и Дњепропетровск, централниот регион Кировоград и Ивано-Франковската област на запад. „Утрово Русите извршија уште еден напад врз украинските енергетски...

Нема докази дека Путин изјавил оти Русија ќе го поддржи Иран, ако САД се вмеша во конфликтот

Кремљ на 16 април објави извештај од телефонски разговор меѓу Путин и тогашниот претседател на Иран, Ебрахим Раиси по повод конфликтот меѓу Иран и Израел, наведувајќи дека рускиот претседател повикал на прекин на огнот. Во соопштение на Кремљ, како што пишува „Ројтерс“, се наведува дека „Путин повикал сите страни на Блискиот Исток да покажат разумна воздржаност и да спречат...

Русија можела да се вооружува и да ја напаѓа Украина, а таа не смее да добива оружје за да се брани

Објавата ги извртува тезите, прави тенденциозни конструкции поврзувајќи го и атентатот на словачкиот премиер Фицо со војната во Украина, па манипулативно тврди дека Америка и Западот сакаат војна и трупаат оружје во Украина. Станува збор за пропаганда на Кремљ, за да се оправда руската инвазија врз Украина. Факт е дека Русија е таа која ја почна војната и ја нападна...

Речиси 11.000 лица евакуирани од три области во Харкив

Речиси 11.000 лица се веќе евакуирани од областите Чухуив, Харкив и Боходухив во регионот на Харкив, објави на Фејсбук шефот на регионалната државна управа на регионот, Олех Синиехубов, а пренесе Укринформ. Според него, бомбашки напад во Шевченковски вчера ги уништил прозорците во три станбени блокови, оштетувајќи ги зградите на две кафулиња и перална за автомобили, бензинска пумпа, сервисна станица, продавница,...

Нападите врз здравствените работници во конфликтните зони достигнаа највисоко ниво досега

Нападите врз здравствените работници во конфликтните зони пораснаа за 25 отсто во споредба со минатата година, а воедно достигнаа и највисоко ниво досега, покажа нов извештај. „Иако зголемувањето е главно поттикнато од новите војни во Газа и Судан, континуираните конфликти како Украина и Мјанмар, исто така, продолжуваат „со немилосрдно темпо“, соопшти коалицијата за Заштита на здравјето во конфликти . Истражувачите забележале...

Јавното мислење во С. Македонија во однос на војната во Украина е значајно поделено

Граѓаните на Северна Македонија во однос на војната во Украина имаат значително поделено мислење по најмалку две прашања – кој е виновен за војната и која страна ја поддржувате во воениот конфликт. Ова го покажа последната анкета на ИРИ за земјите од Западен Балкан. Со ваквите проценти од јавното мислење, станува очигледно дека актуелната политика што ја води државата од...

Навивачка објава лажно ја претставува Русија како победник во војната со Украина

Објавата неточно тврди дека Украина ја изгубила војната. Вистиномер веќе пишуваше дека Русија држи само околу 17,5 проценти од Украина и тоа вклучително со Крим и т.н. ДНР и ЛНР, кои се одделија уште во 2014 година. Исто така, не е вистина дека Русија не трпи од санкциите кои ѝ ги воведе Западот. Според Меѓународниот монетарен фонд, тие придонесоа...

ИРИ: Пет од шест земји во Западeн Балкан би гласале за приклучување во ЕУ

Последното мултинационално истражување за Западен Балкан, кое го направи Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), покажува широка поддршка за приклучувањето кон Европската унија (ЕУ) и силно мнозинство кое ја смета руската војна против Украина за неоправдана. Земјите во кои била спроведена анкетата се Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. На...

Западот не спровел државен удар во Украина во 2014 година, војната ја започна Русија

Она што се случува во Украина сега, нема никаква врска со некаков државен удар од Западот спроведен во 2014 година, туку е поради фактот што Русија во февруари 2022 година ја нападна Украина со цел да приграби други делови од нејзината територија. Бранот демонстрации, граѓанска непослушност, бунтови и вооружени судири познати како Евромајдан  букнаа ноќта на 21 ноември 2013 година,...

Москва: Русија зазеде пет погранични села во Харков

Русија соопшти дека нејзините сили зазеле пет погранични села во украинската област Харков, каде започна офанзива во петокот, искористувајќи ја својата зголемена предност на боиштата во источна Украина, објави Ројтерс. На брифингот, Министерството за одбрана соопштило дека руските сили ги зазеле селата Плетенивка, Охирцево, Борисивка, Пилна и Стрилечна, кои се наоѓаат на руската граница. На брифингот, исто така, било кажано дека...

Најголем напад на Русија врз украинскиот енергетски систем во последните неколку седмици

Руски проектили и беспилотни летала погодија речиси десетина украински критични инфраструктурни објекти во голем воздушен напад рано во средата, предизвикувајќи сериозна штета на три термоелектрани од времето на Советскиот Сојуз, соопштија властите во Киев, пренесе Ројтерс. Воздухопловните сили соопштија дека собориле 39 од 55 проектили и 20 од 21 беспилотни летала користени во нападот, што создава поголем притисок врз загрозениот...

Уапсени се двајца украински безбедносни службеници поради заговор за атентат на Зеленски

Истражителите на украинската безбедносна служба спречиле руски заговор за атентат на претседателот на Украина Володимир Зеленски и други членови на највисокото воено и политичко раководство на земјата. Приведени се двајца полковници на украинската служба кои на Русите им доставувале доверливи информации, пренесува Укринформ. „Плановите требаше да бидат имплементирани од агентска мрежа која беше откриена од Службата за безбедност на Украина (СБУ)...

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се подвлекуваат ставовите на украинското министерство за надворешни работ. Имено, претседателските избори биле спроведени и во Донецката, Луганската, Запорижската и Херсонската област, во Автономната Република Крим и градот Севастопол, што претставува „...

Русија ќе одржи воена вежба која ќе вклучува управување со нуклеарни оружја

Руското министерство за одбрана најави дека ќе одржи воена вежба која ќе вклучува управување со нуклеарно оружје, пренесува Ројтерс. „За време на вежбата ќе бидат спроведени активности со цел вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје“, стои во соопштението на министерството. Министерството изјави дека вежбата била наредба на рускиот претседател Владимир Путин. Според министерство, целта на вежбата е да се...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...