fbpx
Таг: Украина Русија

таг: Украина Русија

Брнз: САД го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина

САД заедно со сојузниците и партнерите, ќе ѝ помогнат на Украина да се брани од понатамошна руска агресија, вели американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз во нејзиниот коментар за состојбата со Русија и Украина, којшто денеска е објавен на веб-страницата на Амбасадата на САД во Северна Македонија. „Светот ја следи неиспровоцираната агресија на Русија кон Украина. Активностите на Русија се...

Тинејџерски рок бенд од Украина со песната „Војна“ иницира на мир со Русија

Додека руските трупи се наоѓаат на границата со Украина претставувајќи закана за можна инвазија, тинејџерскиот рок бенд од градот кој се наоѓа на помалку од километар со граничната линија, Авдивка, својот мир го наоѓаат во музиката, пренесува Би-би-си. „Иако многумина мислат дека тука има немири и се пука, Авдивка е многу мирен и убав град“, вели Максим, тапанарот во бендот. Во...

Средба Ковачевски-Столтенберг: Русија да деескалира во Украина и да продолжи дипломатскиот дијалог

Безбедноста на Западен Балкан и ескалацијата на состојбите на границата меѓу Русија и Украина беа главните теми на средбата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека како земјава како сојузник на НАТО се приклучува на апелите до Русија да деескалира и да го продолжи дипломатскиот дијалог во однос...

Николоски: Најголемиот пријател на оваа држава се САД

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вчерашното гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ 21 го искажа неговиот став за украинскиот конфликт. Според него, кога Македонија надворешно-политички не знае што треба да прави, тогаш треба да погледне што прават САД, укажувајќи дека земјава треба да застане на страна на Украина и НАТО. Николоски рече дека воен конфликт не му одговара...

Путин ги обвини САД дека ги игнорираат руските безбедносни барања

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини САД дека се обидуваат да ја вовлечат Русија во војна со Украина, јавува Би-би-си. Тој рече дека целта на САД е да ја употребат конфронтацијата како основа за воведување на дополнителни санкции кон Русија. Исто така, Путин во своето прво обраќање во изминативе недели рече дека САД ги игнорираат руските безбедносни барања во...

Советот за безбедност на седницата дискутираше за тензиите на украинско-руската граница

Безбедносната состојба во земјата е стабилна и засега нема индиции кои би укажувале дека би можело да дојде до загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија. На денешната седница на Советот за безбедност се дискутираше за тензиите во поширокиот регион, поточно на украинско-руската граница. Претседателот Стево Пендаровски рече дека земјава ги направила сите подготовки за можните...

Лавров: Русија не сака војна против Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска рече дека Русија не сака да започне војна со Украина, пренесува Ројтерс. „Ако зависи од Руската Федерација, нема да има војна. Не сакаме војни. Но, нема да дозволиме нашите интереси грубо да се газат и да се игнорираат“, рече рускиот министер Лавров. Изјавата на рускиот министер доаѓа откако на 26 јануари САД и...

Порталб: Зошто Путин сака ескалација со Западот?

Поранешниот шеф на бугарската државна разузнавачка агенција Димо Ѓауров, во интервју за ТВ Нова, коментира дека една од целите на рускиот претседател Владимир Путин со ескалацијата на конфликтот со Украина е да ги принуди Европа и САД да го отворат гасоводот „Северен тек 2“ (“Nord Stream 2”). Во меѓувреме, партнерот на ЕУРАКТИВ Europe Elects, оценува дека друга причина е...

Руската амбасада во Скопје преку Фејсбук ѝ одговори на министерката за одбрана Славјанка Петровска

Руската амбасада во Скопје вчера се огласи со сопствен коментар по изјавите на министерката за одбрана Славјанка Петровска. Амбасадата се спротивставува на позициите коишто Северна Македонија ги зазема кон случувањата во и околу Украина. Тие реагираат по интервјуата на министерката што ги даде за телевизиите Телма и ТВ 24, во коишто таа напомена дека земјава во целост ги поддржува напорите...

Петровска: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина

Министерката за одбрана Славјанка Петровска за ТВ 24 изјави дека нашите институции во целост ги следат случувањата во и околу Украина коишто се поврзани со поставувањето на руските вооружени сили на границата со Украина. „Морам да напоменам дека во целост ги поддржуваме напорите кои се одвиваат во рамките на НАТО Алијансата и ОБСЕ за надминување на оваа ситуација. Ова поставување...

Задорожњук: Во Украина не се глорифицира нацизмот, земјата изгуби над 8 милиони луѓе во Втората светска војна

Украина во периодот од 1939 до 1945 година изгуби над 8 милиони луѓе во Втората светска војна и нема причина да го глорифицира нацизмот, вели украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук по вчерашниот протест што се организираше пред Украинската амбасада во Скопје под мотото „Против глорификацијата на нацизмот во Украина“. Од Амбасадата на Украина во Скопје велат дека сакаат да...

На Русија може да ѝ се случи втор Авганистан доколку ја нападне Украина, предупредува Лиз Трас

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ја предупреди Русија дека инвазијата на Украина ќе доведе до загуба на животи од размерите на советско-авганистанската војна, јавува Гардијан. Говорејќи на Институтот Лови во Австралија, министерката Трас го повика Владимир Путин да се откаже и да се повлече од Украина пред да направи голема стратешка грешка. Во своето излагање, таа го врами...

Бајден мисли дека Русија ќе ја нападне Украина, предупредува за разорни последици

Американскиот претседател Џо Бајден мисли дека Русија ќе ја нападне Украина, но смета оти Владимир Путин не сака „целосна војна“, јавува Би-би-си. Бајден на прес-конференција предупреди дека Путин ќе плати „сериозна и скапа цена“ за инвазијата, но и посочи дека упадот од помали размери може да се третира поинаку. Весникот Гардијан ја пренесува изјавата на Бајден, во која што тој...

ЕУ: Русија и Украина да склучат договор за гасот

ЕУ ги повика денеска Украина и Русија да постигнат договор за решавање на спорот за гасот меѓу двете земји. Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, ги повика сите инволвирани страни да ги завршат преговорите за Украина да може да добие достава на гас, што ќе биде сигурна и врз основа на пазарни цени, се наведува во соопштението на ЕК. Предлогот...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...