Советот за безбедност на седницата дискутираше за тензиите на украинско-руската граница

-

Безбедносната состојба во земјата е стабилна и засега нема индиции кои би укажувале дека би можело да дојде до загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија. На денешната седница на Советот за безбедност се дискутираше за тензиите во поширокиот регион, поточно на украинско-руската граница. Претседателот Стево Пендаровски рече дека земјава ги направила сите подготовки за можните сценарија.

„Имајќи предвид дека станува збор за две држави кои граничат со таканаречената евроатлантска зона на одговорност, Северна Македонија како членка на НАТО беше должна да ги направи, и ги направи, сите неопходни подготовки, повторувам, подготовки, за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвива текот на настаните во наредниот период во тој дел од светот“, изјави претседателот Пендаровски.

Тој додаде дека земјава ги поздравува дипломатските напори кои се одвиваат на различни нивоа, кои ги преземаат главните фактори во меѓународната заедница со кои им се дава шанса на дијалогот и на преговорите, а не на оружјето и на воинствената реторика.

„Во тој дел од светот има мали, засега симболични знаци за деескалација на реториката во изминативе неколку денови, но сѐ уште е рано за прогнозирање како ќе се одвиваат настаните понатаму, затоа што во моментов тој дел од светот сè уште останува потенцијално високо ризична зона“, изјави претседателот Пендаровски.

Пендаровски истакна дека НАТО алијансата нема донесено одлука, ниту пак, како што нагласи ќе донесе за борбено учество во Украина поради тоа што членот 5 од Вашингтонскиот договор важи само за земја-членка, односно ако една членка е нападната реагира целата Алијанса.

На денешниот состанок на Советот за безбедност кој траеше два и пол часа за првпат учествуваа Димитар Ковачевски како нов премиер и Славјанка Петровска како нова министерка за одбрана. Присутни беа и редовните членови на Советот.

На новинарско прашање за реакциите на бугарското Министерство за надворешни работи за неговата средба со претставници на ОМО Илинден Пирин и други здруженија на Македонци од Бугарија, Пендаровски рече дека средбата нема ниту еден елемент спротивен на договорот за добрососедство од 2017 година.

„Ако некому му пречи средбата на претседателот на Република Северна Македонија со Македонци било каде во светот, тоа е друга работа и тоа не е мој проблем или не би требало да биде наш проблем. Нема никаква позадина во средбата. Едноставно, здружението ОМО Илинден Пирин, побара да се види со мене“, рече претседателот.

Во однос на реториката што се слуша од бугарските членови на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, претседателот Пендаровски изјави дека ќе ја отежнува нејзината работа и ќе ги обременува вкупните билатерални односи.

„Она што мислам дека ја отежнува и ќе ја отежнува работата на Историската комисија и ќе ги обременува вкупните билатерални односи независно што направивме вкупно пет комисии, освен историската, е реториката која се слуша од време навреме од членови на Историската комисија од Софија, кои на дневна основа се обидуваат уште пред да се сретнат со своите македонски колеги да наметнат како треба да биде решението во работењето на таа Комисија“, изјави Пендаровски.

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро се противат...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро...