fbpx

Средба Ковачевски-Столтенберг: Русија да деескалира во Украина и да продолжи дипломатскиот дијалог

-

Безбедноста на Западен Балкан и ескалацијата на состојбите на границата меѓу Русија и Украина беа главните теми на средбата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека како земјава како сојузник на НАТО се приклучува на апелите до Русија да деескалира и да го продолжи дипломатскиот дијалог во однос на Украина.

„Го поддржуваме предлогот на НАТО за тематски состаноци со Русија во врска со состојбата на односите, на европската безбедност со фокус на Украина, транспарентноста, намалување на ризикот и контрола на оружјето. Целосно го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признаените граници“, изјави премиерот Ковачевски.

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг на прес-конференцијата рече дека секоја понатамошна руска агресија во Украина ќе има сериозни последици и висока цена.

„Има значително движење на руските воени сили кон Белорусија и ова е најголемото распоредување на сили од времето на Студената војна, со очекувани 30.000 трупи, специјални сили, борбени авиони и ракетни системи. Сето ова ќе се искомбинира со годишните нуклеарни вежби на Русија кои што се очекуваат во овој период“, потенцираше генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг дополни дека НАТО сака да пронајде политичко решение за кризата, но и дека мора да биде подготвен на најлошото.

„Вчера САД најавија дека ќе распоредат сили во Германија, Полска и Романија и ова доаѓа како плус на сите досегашни напори и распоредување на сили во НАТО командите. Ја зголемивме подготвеноста на силите на НАТО и сметаме дека е потребно дополнително распоредување во северниот дел на Алијансата“, рече Столтенберг.

Во однос на безбедносната состојба во Западен Балкан, генералниот секретар на НАТО порача дека стабилноста на регионот е од голема важност за НАТО. Тој потенцираше дека Алијансата ја гарантира безбедноста на земјата и го чува македонското небо.

„Минаа две години откако Северна Македонија се приклучи кон НАТО и покажавте дека сте битен сојузник. Ги поздравувам напорите на Северна Македонија да промовира безбедност, стабилност, и напредок во регионот. Ова ги вклучува и вашите придонеси кон клучните мировни мисии и на НАТО на Косово“, рече Столтенберг.

Србија и Унгарија ќе му предложат на регионот да се приклучи кон изградбата на брза пруга

Србија и Унгарија ќе ги поканат Северна Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Турција да се приклучат кон изградбата на брзата железница во регионот, која за почеток ќе ги поврзува...
Premium WordPress Themes Download
Download Nulled WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
lynda course free download
download intex firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy paid course free download