fbpx

На „Криволак“ денеска и утре здружена вежба со американски авиони Ф-18

-

Два воени авиона Ф-18 од носачот на авиони на морнарицата на САД „Хари Труман“ денеска и утре, во рамките на здружена вежба на НАТО ќе извршат вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“, соопшти Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Станува збор дел од завршните активности на вежбата „Neptune Strike 22“, која се изведува во медитеранскиот регион во период од 24.01 до 05.02.2022 година.

„Вежбовните активности од двата воздухоплови „Ф-18“ од носачот на авиони на морнарицата на САД „Хари Труман“ ќе се изведат во координација со воена копнена компонента со проверка на системот на навигационо водење со дејствување на копнени цели од воздух“, соопшти Генералштабот.

Како што се вели во соопштението, учеството во вакви воени вежби значи и подобрување на способноста за интегрирање на воздушниот систем за одбрана на НАТО.

„После нашата целосна интеграција во НАТО и вклучувањето во системот на Air Policing, со учеството на воени воздухоплови во вакви вежбовни активности ја потврдуваме нашата способност за координирано учество во секаков вид здружени вежбовни активности на НАТО, интероперабилноста и способност за интегрирање на воздушниот систем за одбрана на НАТО земјите членки“, порачува Генералштабот.

Во текот на изминатата година, над „Криволак“, во вежбовни активности од воздух учествуваше и авион „AC-130“ од состав на военото воздухопловство на САД во рамки на вежбата на специјалните сили на Армиите на САД и Република Северна Македонија „Trojan Footprint 21“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...