fbpx
Таг: Украина Русија

таг: Украина Русија

МНР потсетува: Учеството во било која странска војска е кривично дело

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија ги потсетува граѓаните дека учеството во било која странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело. Ова се случува откако Украинската амбасада во Скопје го објави повикот на Министерството за надворешни работи на Украина, но и на претседателот на Украина Володимир Зеленски за доброволно учество во...

Нуклеарната централа Чернобил остана без струја, врз Харков извршени над 50 напади во еден ден

Украина повика на итно примирје за да се изврши поправка на електроснабдителната мрежа, со која што би се овозможило повторно приклучување на електрична енергија на нуклеарната централа Чернобил, јавува Гардијан. Укринформ информира дека нуклеарната централа Чернобил останала без напојување со струја поради акциите на руската војска, додека украинските официјални власти велат дека во моментов е невозможно да се извршат санациони...

САД забранија увоз на руска нафта, гас и јаглен, европските лидери повнимателни

Американскиот претседател, Џо Бајден вчера објави дека САД забрануваат увоз на руска нафта, природен гас и јаглен, што пак денеска беше поздравено од украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавува Би-би-си. Сепак, европските лидери се повнимателни кон украинското барање да се сопре со увозот на руските енергенси, откако Русија изврши воена инвазија на Украина. Британскиот премиер Борис Џонсон повика на постепено оддалечување од...

И „Кока-Кола“, „Мекдоналдс“ и „Старбакс“ си заминуваат од Русија

Гигантите „Кока-Кола“ и „Мекдоналдс“ се приклучија на големиот број меѓународни компании што престанаа со работа во Русија поради руската инвазија на Украина, јави Би-Би-Си. На нив им се приклучи и „Старбакс“. Гигантот за брза храна „Мекдоналдс“ соопшти дека привремено ги затвора своите 850 ресторани во Русија, а „Старбакс“ своите стотина кафулиња. „Мекдоналдс“ во писмо од генералниот директор до вработените зборува...

Незаконски е македонски државјани да се борат во Украина

Украинската амбасада во Скопје испрати повик на Министерството за надворешни работи на Украина, но и на претседателот на Украина Володимир Зеленски за доброволно учество во редовите на Меѓународната легија за одбрана на Украина. Но, според измените на Кривичниот законик од 2014 година, учество во вакви воени формации е забрането и државјаните кои ќе се пријават може да бидат осудени...

„Морган Стенли“ прогнозира дека Русија може да банкротира до 15 април

Шансите Русија да го отплати својот надворешен долг се намалуваат, бидејќи цените на обврзниците паѓаат, се наѕира рецесија во државата и се натрупуваат разни ограничувања за плаќања откако Русија изврши инвазија врз Украина, прогнозираат од американската инвестициска банка „Морган Стенли“, пренесува Блумберг. Неисполнувањето на обврските се зема како  најверојатно сценарио за Русија, а првиот рок до којшто би можело да...

Зеленски: Одамна загубив интерес за НАТО, не се подготвени да ја прифатат Украина

Што се однесува до НАТО, јас одамна изгубив интерес по тоа прашање откако сфативме дека НАТО не е подготвен да ја прифати Украина. Алијансата се плаши од контрадикторни работи и конфронтација со Руската Федерација, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американската телевизија „Еј-Би-Си ворлд њуз”, одговарајќи на прашањето дали Украина е подготвена да ги испочитува барањата на Руската...

Договорено 12-часовното примирје во Украина, сепак постои скептичност дека бегалците успешно ќе се евакуираат

Иако е договорено 12-часовно примирје во Украина и создавањето на безбедносни коридори по кои цивилите би можеле да се евакуираат, веќе се одвива, како што известува „Асошиејтед Прес“ сепак, постои скептичност од украинска страна бидејќи претходните обиди да се воспостават евакуациски коридори пропаѓаа поради нови напади. Со инвазијата на руските вооружени сили на Украина, којашто тече веќе втора седмица, руските...

Ковачевски – Гир: Северна Македонија е на линија на Европската Унија за Украина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски придружуван од заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, се сретна со Дејвид Гир, амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, соопштија од владината прес-служба. На состанокот беше поздравено лидерството на Владата и брзата реакција за ситуацијата во Украина. „Премиерот Ковачевски ја потврди позицијата на Република Северна...

Со неколку исклучоци, Русија ги смета сите европски земји за непријателски [мапа]

По налог на рускиот претседател Владимир Путин, руската влада составила список од држави коишто наводно „презеле непријателски акции против Русија, руски компании и граѓани“, пренесува српската телевизија Н1. Од овој список што го објавија и руските државни медиуми изземени од листата на непријателски земји во Европа засега се само шест земји: Белорусија, Молдавија, Србија (за Русија, Косово е дел...

Порталб: Дали „Отворен Балкан“ треба да продолжи и по ставот на Србија кон Украина?

По неприклучувањето на Србија кон санкциите на ЕУ против Русија, започна и дебатата дали иницијативата Отворен Балкан треба да продолжи. Поделени се мислењата за тоа дали оваа иницијатива треба да се преиспита или не. Познавачите на надворешната политика за Порталб.мк велат дека оваа иницијатива уште од почетокот е придружена со два главни проблеми и тоа е поврзано со: неучеството...

Османи: 43 македонски државјани се eвакуираат од Украина, Владата ќе одлучува за прием на бегалци

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг посветен за последните актуелности од надворешната политика рече дека од вкупно 120 мапирани граѓани од Македонија, меѓу кои има и дел украински граѓани, 20 граѓани го искористиле апелот и ја напуштиле Украина пред да почне воената инвазија на 24 февруари. Според министерот, по руската агресија 20 граѓани ја напуштиле Украина и...

Досега уништени 211 училишни објекти во Украина, ЕУ очекува 5 милиони бегалци

Министерството за образование и наука на Украина соопшти дека од почетокот на руската инвазија на Украина низ целата земја биле уништени или оштетени 211 училишни објекти, јавува Укринформ. Украинските официјални власти соопштуваат дека нивната војска погодила руски воен брод што пловел во Црното море, како и за уништени над 30 руски хеликоптери во окупирана воздухопловна база во близина на...

Тага, гнев и плач на протестот против руската агресија, отворен и шатор за донации за Украина [фото]

Итно сопирање на руската агресија во Украина и затворање на небото за прелети на руската авијација. Ова е главното барање на граѓаните коишто денеска во центарот на Скопје се собраа на протестот против руската инвазија врз Украина. Во плач и неверување, со гнев и тага, секој од присутните на протестот на различен начин испрати апел за сопирање на војната во...

Во Подгорица тече хуманитарна акција за помош на граѓаните на Украина

Во центарот на Подгорица, главниот град на Црна Гора, веќе неколку дена е поставен шатор во кој се собира хуманитарна помош за граѓаните на Украина настрадани од руската инвазија. Хуманитарната акција започна од 2 март во организација на локалната самоуправа, од каде изјавиле дека се координираат и со дипломатскиот кор за тоа каква помош е најпотребна и каде да се...

Над 1,5 милиони бегалци ја напуштија Украина, градови од регионот Суми пред хуманитарна катастрофа

Руската инвазија врз Украина предизвика над 1,5 милиони бегалци да ја напуштат земјата во странство, покажуваат најновите податоци на Обединетите нации. Би-би-си го пренесуваат нивното тврдење дека станува збор за најбрзорастечката бегалска криза по Втората светска војна. Над 600.000 бегалци досега примила Полска, а жителите коишто бегаат од војната наоѓаат прибежиште и во Словачка, Романија, Унгарија, Молдавија и други...

Во недела протестен марш во Скопје против руската агресија во Украина

Здружението на украинците во Република Северна Македонија, „Лесја Украинка“ ги повикува граѓаните да излезат на утрешниот протест кој ќе започне во 14:00 часот со собир кај споменикот „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“.  „Ги повикуваме сите свесни граѓани да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот...

Анализа на „Порталб“: Економски последици – кризно „цунами“ од Русија, преку Украина и ЕУ до Македонија!

Пред околу 15 години Русија беше еден од најзначајните трговски партнери на Македонија, со трговска размена поголема од 660 милиони евра. Петнаесеттина години подоцна – Русија е на 20. место како трговски партнер на земјава. Но, и натаму останува високата зависност на земјава од руските енергенси – од гасот кој од Русија преку Украина и европската траса завршува во...

Сведоштва од Украина: „Ние се криеме во подруми и скривалишта, а тие пукаат во нас“

„Не знам како да го опишам преку зборови, не знам како да го вметнам во зборови она што го чувствуваме, она што се случува овде. Ние се криеме во подруми и скривалишта, а тие пукаат во нас.“ Со овие зборови Марина Соловеи, која што во моментов се наоѓа во Киев, а инаку е поранешна учесничка на натпревари за убавина...

УНИЦЕФ: Им треба помош на бебињата родени во конфликт, расте и заканата за животот на 7,5 милиони деца во Украина

Конфликтот во Украина претставува непосредна и растечка закана за животот и благосостојбата на 7,5 милиони деца во земјата. Хуманитарните потреби се множат од час во час додека борбите се интензивираат. Убиени се деца. Децата се ранети. Половина милион деца ја напуштија Украина во соседните земји, а бројот на бегалци продолжува да расте, аралмира УНИЦЕФ. Агенција на Обединетите Нации одговорна за...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...