fbpx

МНР потсетува: Учеството во било која странска војска е кривично дело

-

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија ги потсетува граѓаните дека учеството во било која странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело. Ова се случува откако Украинската амбасада во Скопје го објави повикот на Министерството за надворешни работи на Украина, но и на претседателот на Украина Володимир Зеленски за доброволно учество во редовите на Меѓународната легија за одбрана на Украина.

Од МНР велат дека како земја пријател на Украина, постои разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји.

„Воедно сакаме да потсетиме дека Република Северна Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми“, нагласија од МНР.

Мета. мк веќе пишуваше дека учеството странска легија за македонските граѓани е  спротивно на член 322-а од Кривичниот законик кој забранува учество на државјани на Република Северна Македонија во која било војска или друга странска воена или полициска формација. 

Од Амбасадата на Украина во Скопје за Порталб велат дека сите украински амбасади во светот информираа за оваа иницијатива на Зеленски. Додаваат дека тие немаат намера да регрутираат и секогаш ќе се придржуваат до македонските закони.

Од МВР за Порталб известуваат дека во периодот од 2014 до 2021 година, регистрирани се 11 кривични дела „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации “, за кои кривично се пријавени 56 сторители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...