fbpx

(Видео) Се укинува ДДВ-то за основните прехрамбени продукти

-

Премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција презентираше 26 мерки кои се поделени во две категории меѓу кои е предвидено намалување на ДДВ-то, се воведува маржа, се намалува акцизата за поевтини горива. Владата предвидува и субвенции за струја, како и ваучери за загрозени категории граѓани и пензионери. Има и кредити за инвестирање на компаниите во проекти кои се за енергетска ефикасност, за кои нема да се плаќа камата.

„Усвоиме пакет од 26 мерки поделени во две категории и тоа за заштита на граѓаните и ликвидност на компаниите: Од 5 на 0 проценти се намалува ДДВ-то на леб, шеќер, ориз, јајца, свежо месо… Се замрзнуваат маржи на основните производи за исхрана. Предвидуваме субвенции за најранливите категории граѓани со вредност од 1.000 денари месечно за три месеци за купување основни производи“, рече премиерот.

Тој додаде дека ќе се укинат и царинските давачки за увоз на основни производи од сите земји, а се ублажува и ценовниот шок за струјата.

„Повластената даночна ставка која ја воведуваме ќе важи до декември. Со нова методологија ќе има помала цена за мали потрошувачи и домаќинства во однос на струјата. Се субвенционираат пензионерите со 1.000 денари за три месеци, односно 3.000 денари. Ќе се субвенционира и натаму струјата, мерката ќе е активна до јуни 2022 година. Се субвенционира цената на топлинска енергија. Финансирање на проектите за енергетска ефикасност на општините, со што ќе се намали потрошувачката во јавниот сектор“, нагласи Ковачевски.

Тој рече дека Владата дава препорака за промена на методологијата за нафтените деривати цените на дневна основа. Исто така, рече дека со оглед на големиот пораст на цените се пролонгира давањето на зелените давачки за деривати.

„Се намалува стапката на ДДВ од 18 на 5 проценти за дел од горивата. Со ова се намалува цената на енергенсите на граѓаните. Ја намалува акцизата врз основа на берзанските цени, што ќе се ублажи цената на енергенсите до 4,3 денари. Дизелот би бил за 10,7 денари помалку, бензин би се точел за 11,5 денари помала цена. Препорака на општините за реорганизација на јавниот превоз за да биде достапен за сите“, објасни Ковачевски.

Премиерот додаде дека има низа на кредити за финансирање на енергетска ефикасност, зелени кредити, како и кредити за обновливи фотоволтажни извори на енергија за компаниите.

„Апелираме до сите институции, стопанство, домаќинства, да водат сметка за трошењето на струјата. Се наоѓаме во сериозна глобална криза, влијанието врз стандардот и економијата се големи. Заеднички ќе ги пребродиме. Стратегијата која ја имаме во овие 26 мерки и препораки покажува дека сите ресурси се насочени кон граѓаните. Спречуваме ценовен шок врз основните прехранбени продукти и нафтени деривати“, рече Ковачевски.

Премиерот соопшти и дека 30.000.000,00 денари ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2022 година.

Ковачевски нагласи дека буџетот на Северна Македонија е стабилен и ликвиден.

„Предизвиците пред нас се огромни. во услови на постпандемија се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време. На глобално ниво растот на трошоците на храната и на енергенсите како резултат на воената агресија на Русија на Украина го чувствуваме и ние денес и сега. Дисбалансот на цените на основните продукти и енергенси не засега и нас. Ова ќе биде тешка година но со добри мерки и политики ќе ја премостиме“, порача премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...