Договорено 12-часовното примирје во Украина, сепак постои скептичност дека бегалците успешно ќе се евакуираат

-

Иако е договорено 12-часовно примирје во Украина и создавањето на безбедносни коридори по кои цивилите би можеле да се евакуираат, веќе се одвива, како што известува „Асошиејтед Прес“ сепак, постои скептичност од украинска страна бидејќи претходните обиди да се воспостават евакуациски коридори пропаѓаа поради нови напади.

Со инвазијата на руските вооружени сили на Украина, којашто тече веќе втора седмица, руските војници освоија територија во јужна Украина, но во другите области не се толку успешни. Украински војници и цивили создадоа одбранбен обрач околу главнито град Киев, со стотици пунктови и барикади на одбраната. Гранатирања и ракетирања имаше и во Киев и во други градови. Поради постојаниот артилериски и ракетен оган во киевското предградие Буча, припадниците на украинската одбрана не успеавале да ги тргнат жртвите од улиците, вели градоначалникот на Буча, Анатол Федорук.

Во еден од најсилно напаѓаните градови, црноморското пристаниште Мариупол, околу 200.000 луѓе – речиси половина од вкупно регистрираното население од 430.000, сака да замине, според податоци од Црвениот Крст, кој нетрпеливо очекува да се отвори евакуациски коридор.

Според рускиот Координациски центар за хуманитарни активности во Украина, примирјето што би овозможило безбедна евакуација на цивили требаше да почне во 8 часот по македонско време. Евакуациските коридори се договорени со украинските власти.

Најголем дел од овие коридори предвидуваат евакуација кон Русија – или директно, или преку Белорусија, а на луѓето од Харкив, кој е близу руската граница, ќе им се овозможи заминување кон Западна Украина. Засега нема коментари од украинскиот државен врв.

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Израелскиот премиер негира дека Хамас се согласил на договорот со Газа за целосен прекин на огнот

Од канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негираат дека Хамас се согласил на предлогот за прекин на огнот во Газа, откако еден израелски функционер изјави дека палестинската милитантна група дала одобрение,...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес...