fbpx

Порталб: Дали „Отворен Балкан“ треба да продолжи и по ставот на Србија кон Украина?

-

По неприклучувањето на Србија кон санкциите на ЕУ против Русија, започна и дебатата дали иницијативата Отворен Балкан треба да продолжи. Поделени се мислењата за тоа дали оваа иницијатива треба да се преиспита или не. Познавачите на надворешната политика за Порталб.мк велат дека оваа иницијатива уште од почетокот е придружена со два главни проблеми и тоа е поврзано со: неучеството на сите земји од Западен Балкан во истата и надворешната политика на Србија која е многу поблиску со Истокот отколку со Западот, меѓутоа, притисокот врз политиката на оваа држава мора да дојде од ЕУ, пишува Порталб.мк.

Сефер Селими од Democracy Lab вели дека руската агресија во Украина укажа на фактот дека Србија е политички повеќе ориентирана кон Истокот и доколку војната сепак стане поинтензивна, различните пристапи ќе се продлабочат уште повеќе, можеби до тој степен за да оваа иницијатива згасне. Сепак, вели тој, Отворен Балкан не е иницијатива за политичка соработка, туку регионална иницијатива, пред сé за економска соработка и така треба да остане. Во случајот со Србија и нејзината надворешна политика, Селими вели дека главниот притисок треба да дојде од Европската Унија, бидејќи оваа земја не само што има аспирации да стане дел од неа, туку е во напредна фаза од преговорите за членство.

„Што се однесува до регионалните иницијативи, тие се повеќе од неопходни и треба што повеќе да се негуваат и развиваат за да донесат просперитет и економски развој на обичниот граѓанин. Блокирањето, неучеството и бегањето од овие иницијативи не ја менува географската реалност од која не може да се избега, затоа секогаш треба да се бараат и создаваат можности кои ќе ги доближат земјите од регионот една до друга, но и до Европската Унија“, вели Селими.

Додава дека доколку меѓународните сојузници го сменат ставот за надворешната политика на Србија, тогаш за тоа треба да размислат и другите две земји од Отворен Балкан, Албанија и Северна Македонија.

„Секако, секогаш мораме да имаме на ум дека наш главен стратешки интерес е интеграцијата во Европската унија и зачувувањето и продлабочувањето на сојузот со Соединетите Американски Држави, а доколку нивната позиција за надворешната политика на Србија се промени, другите две земји, Албанија и Северна Македонија кои сега се 100% во согласност со надворешната политика на ЕУ, ќе мора да има рефлектираат за ова“, рече Селими.

За разлика од Селими кој смета дека доколку различните пристапи се продлабочат, тоа може да ја анулира оваа иницијатива, експертот Нано Ружин оценува дека во моментов живееме во многу динамичен геостратешки-геополитички момент, при што се загрозени безбедносниот поредок, економските, финансиските и трговските текови и дека сето тоа сугерира дека во наредниот период ќе се соочиме со тешки економски, социјални, па и политички кризи и затоа е важно во секој регион да се развива пријателството, добрососедството и меѓусебното разбирање.

„Мислам дека без разлика кој какви санкции вовел, дури и воопшто да не вовеле санкции против Русија, тоа не треба да биде референтна точка за добрососедство во регионот и особено да се доведе во прашање концептот на Отворен Балкан. Тоа е, пред сè, концепт наменет за граѓаните, кој може да го олесни прометот на стоки и протокот на информации, соработка итн. Значи, во еден ваков напнат свет со големи геостратешки движења, мислам на Украина и Русија, но и на остатокот од светот, кој практично е вклучен во оваа криза, концептот на Отворен Балкан може да биде корисен за граѓани на Балканот, дури и за оние кои не се членки на овој тип на соработка. Во овој момент најмалку треба да ги затвориме границите, со што може да се создаде поголема бариера, кршење на одредени елементи што би успориле и обремениле уште повеќе протокот на луѓето и стоките итн“, вели Ружин.

Ружин додава дека во моментов сите се соочуваме со енергетска криза и Отворен Балкан може да обезбеди начин да споделиме некои тешкотии и да покажеме солидарност.

„Да не заборавиме дека овој концепт е поддржан од големите светски сили, пред се САД и Европската Унија, иако за жал не сите земји од Западен Балкан учествуваат во концепт на Отворен Балкан, но дали ќе дојде денот кога ќе се приклучат другите, кога ќе размислуваме пооптимистички, кога ќе завладее мир и на исток и во нашиот регион и каде повеќе ќе се грижиме за нашите европски ориентации отколку за тоа што мисли соседот, со кој не сме во добри односи“, изјави Ружин.

Во меѓувреме, за Порталб.мк од Владата на Северна Македонија пред неколку денови изјавија дека нема да се повлечат од „Отворен Балкан“, без оглед на ставот на Србија за невоведување санкции кон Русија како што направи Западот, вклучувајќи и Албанија или и самата Северна Македонија поради агресијата на Русија врз Украина. Според властите на РСМ, ставот на Србија за ситуацијата во Украина е нивно внатрешно прашање.

„Каков став Србија, или која било друга земја, ќе заземе во однос на агресијата врз Украина е внатрешна работа. Со Србија имаме одлични пријателски односи меѓу двете земји и два народа и констатиравме интензивирање на соработката особено на економски план во последните две години“, велат од Владата.

Според нив, „Отворен Балкан“ за двете земји е придонесувач за регионалната соработка на земјите, преку имплементација на европските вредности.

„Отворениот Балкан“ придонесува за продлабочување на соработката, преку отворање можности за поголема регионална конкуренција на европскиот пазар и на другите светски пазари и во привлекување странски инвеститори. Добрососедските односи се важни за одржување на стабилноста и мирот во регионот и Европа“, додаваат од Владата.

И Албанија нема намера да го напушти „Отворен Балкан“ поради ставот на Србија кон Русија.

„Ние не сме имале недостиг на информации за надворешната политика на Србија кога го започнавме овој процес. Не чекавме да биде нападната Украина за да ги дознаеме врските на Србија со Русија. Според прелиминарните информации што ги добив, претседателот на Србија зборувал за територијалниот интегритет на Украина. Што се однесува до напредокот на Отворен Балкан, ова е прашање што чека и немаме итност да донесуваме заклучоци не само во однос на Србија, туку и како ќе се одвива овој процес“, изјави премиерот Еди Рама на 25 февруари.

Тој понатаму рече дека „Отворен Балкан“ не е проект за создавање на организација како мала ЕУ или нова Југославија. Не сме дел од Отворен Балкан за да ја направиме Србија сојузник на САД. Немаме намера да го промениме нашиот однос кон Москва. Не сме во ова воопшто. Ниту сме размислувале за тоа“, додаде Рама.

За разлика од Владата, првиот човек на Собранието Талат Џафери, смета дека оваа иницијатива треба да се преиспита.

Трите земји членки и иницијаторите на „Отворен Балкан“ мора да ја преиспитаат оваа иницијатива. Со неодамнешните изјави на српските лидери, по новонастанатата ситуација со руската агресија, можам да кажам дека ситуацијата е променета. Тука не е истиот човек со кој се разговарало и креирала иницијативата. Ние не сме против Србија, ниту како држава, ниту како институции, ниту како народ. Сепак, сега сигналите треба да се земат внимателно. Србија сака и преговара за членство во ЕУ, додека Унијата има отворен став против руската агресија и воведе санкции. Србија не тргна по тој пат и мораме да внимаваме на тоа“, рече Џафери.

Србија, за разлика од повеќето европски земји, не воведе санкции кон Русија, поради не испровоцираната окупација на Украина.

Не повлекувањето на земјата од оваа иницијатива може да се должи и на трговско – економските врски меѓу двете земји. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – декември 2021 година, според вкупниот обем на надворешно – трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Вредноста на увезените стоки во Северна Македонија во периодот јануари -декември 2021 година е зголемена за 30,8% повеќе во однос на истиот период лани и достигна 11.389.548 илјади американски долари.

Србија ќе извезе и 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка во земјата. Македонија има доволни количества пченка и пченица – тврдат властите откако српскиот претседател најави дека Србија ќе ги испорача овие количества по барање на Северна Македонија.

„Побараа да испорачаме 50 илјади тони пченица и 25 илјади тони пченка и можеме веднаш да ги испорачаме, немаме проблем со тоа. „Од нас купуваат пченка и ние секогаш ќе ја имаме за регионот, за нас, за Северна Македонија, за Црна Гора, за Албанија и за БиХ“, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Владата тврди дека бараните количини не се за потребите на државата или са стокови резерви, тие се согласно годишните планови на стопанските субјекти.

„2022 година не се разликува од претходните во однос на увозот на пченица и пченка. Локалното производство на пченица е 253 илјади тони, додека годишните потреби за пченица се околу 300 илјади тони, што значи дека остатокот од пченицата секоја година се обезбедува со увоз. Околу 90% од пченицата за нашите мелници се увезени од Србија. Според последните податоци, во 2021 година од Србија се увезени 65 илјади тони пченица и 54 илјади тони пченка“, соопштија од Владата на Република Македонија.

Сепак, друг проблем што произлегува од ставот на надворешната политика на Србија е фактот што преку неа останува отворена трговската врата за Русија на Балканот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...