fbpx

Со неколку исклучоци, Русија ги смета сите европски земји за непријателски [мапа]

-

По налог на рускиот претседател Владимир Путин, руската влада составила список од држави коишто наводно „презеле непријателски акции против Русија, руски компании и граѓани“, пренесува српската телевизија Н1. Од овој список што го објавија и руските државни медиуми изземени од листата на непријателски земји во Европа засега се само шест земји: Белорусија, Молдавија, Србија (за Русија, Косово е дел од територијата на Србија), Босна и Херцеговина и Турција.

На овој список се наоѓа Северна Македонија, заедно со САД, Канада, Велика Британија (вклучувајќи ги Џерси, Ангвила, Британски Девствени Острови, Гибралтар), сите земји-членки на ЕУ, Украина, Сан Марино, Црна Гора, Швајцарија, Албанија, Андора, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајван.

Инаку, земјите споменати на оваа листа од Русија воведоа санкции или се приклучија на санкциите против Русија откако започна руската инвазија на Украина.

Податоците на руската влада велат дека руските граѓани и компании, како и руските државни институции кои имаат кредити и други обврски од компании од земји од оваа листа ќе можат да ги плаќаат во рубљи. Притоа, должникот може да побара од руските банки да отворат посебна сметка во рубљи и преку неа да се извршат плаќања во рубљи според курсот на Централната банка на Русија на денот на исплатата, додава српскиот весник Политика.

Дезинформација е дека имало киднапер во средното музичко училиште во Скопје

Текстот што се споделува на социјалните мрежи се повикува на  објава од профил на Фејсбук, којашто подоцна е избришана од самиот корисник кој призна дека споделил дезинформација. МВР ја...
Download WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
udemy free download
download intex firmware
Premium WordPress Themes Download
free download udemy course