И „Кока-Кола“, „Мекдоналдс“ и „Старбакс“ си заминуваат од Русија

-

Гигантите „Кока-Кола“ и „Мекдоналдс“ се приклучија на големиот број меѓународни компании што престанаа со работа во Русија поради руската инвазија на Украина, јави Би-Би-Си. На нив им се приклучи и „Старбакс“.

Гигантот за брза храна „Мекдоналдс“ соопшти дека привремено ги затвора своите 850 ресторани во Русија, а „Старбакс“ своите стотина кафулиња. „Мекдоналдс“ во писмо од генералниот директор до вработените зборува за „непотребно човечко страдање што се случува во Украина“, а „Кока-Кола“ ја нарече војната во Украина „трагична“. И трите компании ќе продолжат да исплаќаат плати на своите вработени во Русија.

Овие меѓународни гиганти се приклучија на списокот на десетици компании што престанаа да работат на рускиот пазар или го ограничија своето работење, како „Нетфликс“ и „Леви’с“.

Интересно е што „Мекдоналдс“ е една од првите американски компанија што почнала да функционира во Советскиот Сојуз и продолжила да работи во следните децении. Првиот ресторан за брза храна е отворен во 1990 година во Москва.

„Мекдоналдс“ ги затвори привремено и своите 108 ресторани во Украина, каде исто така ги исплаќа платите и донираше 5 милиони долари за фондот за помош на неговите вработени.

„Кока-Кола“, пак, со престанокот на продажбите во Русија се откажува од отприлика 2 отсто од своите вкупни приходи и профит. Компанијата во Русија има отприлика 20 отсто удел во бизнисот на полнење и дистрибуција на нејзините пијалоци, пишува Би-Би-Си.

„Старбакс“ затвора повеќе од 100 свои кафулиња во Русија, а сопственикот на локалната лиценца, кувајтската „Алшаја Груп“ ќе продолжи да ги исплаќа платите на своите 2.000 вработени.

Вчера и „Јуниверсал Мјузик Груп“ соопшти дека ги прекинува своите операции во Русија и го затвора своето претставништво.

„Унилевер“, гигантот за производи за хигиена и нега и за храна, соопшти дека ја прекинува трговијата со Русија и планира да сопре со рекламните активности и инвестиции во оваа земја, но ќе продолжи со продажба на основни производи за исхрана и хигиена што се произведуваат во Русија.

„Пепси“, кој е многу поприсутен на рускиот пазар од „Кока-Кола“ и е многу подолго на пазарот на просторот на денешна Русија отколку ривалот (влезен е во Советскиот Сојуз во текот на Студената војна и сега има 20.000 вработени во Русија), рече дека го прекинува производството и продажбата на Пепси и други глобални марки во Русија и запира со капитални инвестиции и рекламирање, но ќе продолжи да нуди други производи, како млеко, секојдневно неопходни дневнопотребни продукти и бебешка храна и беби-формула.

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини дека се...

„Козерија“ во ЗОО Скопје: Седум берберски овци угинале од гранки?

Седум берберски овци пред шест дена угинале во Зоолошката градина во Скопје. За настанот, Зоолошката градина извести дури денеска на нивниот профил на Фејсбук, а попладнево со соопштение излезе и Агенцијата...

Ја принудувал сопругата на проституција, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за...

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Високи американски и руски претставници, вклучувајќи ги и главните дипломати на двете земји, ќе одржат разговори за подобрување на нивните односи и преговарање за крај на војната во Украина, соопшти Кремљ,...

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини...