fbpx

Владата одлучи ковид-сертификатите на прележаните лица да важат 180 дена

-

Наместо досегашните 45 дена, владата на вчерашната седница го прифати предлогот сертификатот за прележана болест од ковид-19 да трае 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест, информираат од владината прес-служба.

Владата донесе одлука и да се укине мерката за задолжително поседување ковид-19 сертификат за влез во трговските центри, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски, додека обврска за задолжително поседување на ковид-19 сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна и пијалоци, кои се во состав на трговските центри.

Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука за укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат.

Владата вчера ја донесе одлуката да се укине барањето за задолжителен ковид-19 сертификат за излез од територијата на Република Северна Македонија.

Прифатените предлози од владата се најдоа на вчерашната седница како препораки на Комисијата за заразни болести.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.