fbpx

Бајден мисли дека Русија ќе ја нападне Украина, предупредува за разорни последици

-

Американскиот претседател Џо Бајден мисли дека Русија ќе ја нападне Украина, но смета оти Владимир Путин не сака „целосна војна“, јавува Би-би-си. Бајден на прес-конференција предупреди дека Путин ќе плати „сериозна и скапа цена“ за инвазијата, но и посочи дека упадот од помали размери може да се третира поинаку.

Весникот Гардијан ја пренесува изјавата на Бајден, во која што тој ја алармира владата во Киев дека НАТО е поделен во однос на прашањето како да се одговори на „помал упад“ од страна на Русија во Украина.

Русија има околу 100.000 војници стационирано на границата со Украина, но негира дека планира да изврши инвазија врз нејзиниот сосед. Сепак, поставувањето на огромен број војници и воена опрема на границата со Украина се случува во период кога официјална Москва побара од НАТО да не ѝ се дозволи на Украина да стане членка на Алијансата, но и САД и земјите-членки на НАТО да се откажат од воени активности во Источна Европа.

Запрашан за намерите на Владимир Путин во однос на Украина, американскиот претседател Бајден одговори:

Не сум до толку сигурен дека тој одлучил што ќе прави. Мојата претпоставка е дека тој ќе влезе. Мора да направи нешто.

Сепак, Бајден предупреди дека инвазија од голем обем на Русија врз Украина ќе претставува „најконсеквентната работа што се случила во светот во однос на војна и мир од Втората светска војна“, со ризик да излезе надвор од контрола и подалеку од границите на Украина.

Американскиот претседател дополни дека Русија би можела воено да победи во инвазијата, но притоа ќе претрпи сериозни загуби. Бајден рече дека тоа нема да биде само воена прошетка во Украина, истакнувајќи ја воената помош што САД ѝ ја доставија неодамна на Украина.

НАТО веќе соопшти дека ќе распореди воени трупи во земјите од источното крило на Алијансата во случај на напад од Русија врз Украина, додека САД веќе дискутираа со европските сојузници за низа од санкции што ќе ги добие Русија доколку се одлучи да ја спроведе инвазијата.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен треба да се сретне со рускиот министер за надворешни работи во петок во Женева, откако претходно Блинкен беше во посета на Украина и предупреди дека Русија може да ја нападне Украина за многу кратко време.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...