fbpx

Николоски: Најголемиот пријател на оваа држава се САД

-

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вчерашното гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ 21 го искажа неговиот став за украинскиот конфликт. Според него, кога Македонија надворешно-политички не знае што треба да прави, тогаш треба да погледне што прават САД, укажувајќи дека земјава треба да застане на страна на Украина и НАТО.

Николоски рече дека воен конфликт не му одговара на никого, но и дека никој не очекувал во 21 век да се зборува за возможна голема војна во Европа повторно. Тој се надева дека дипломатијата ќе успее да ја надмине оваа криза.

„Гледам интензивни разговори помеѓу западните сојузници на чело со САД и Русија. На крајот на денот, мислам дека Македонија треба да го поддржи ставот којшто ќе е на НАТО и пред сè на САД како клучен партнер на Македонија“, изјави Александар Николоски.

Тој додаде дека Македонија треба да ја следи на надворешно-политички план САД, и доколку тоа не е на директна штета на земјава, а во случајов секако дека не е, тоа треба да го поддржи.

„Најголемиот пријател на оваа држава се САД“, изјави Николоски, дополнувајќи дека Македонија треба да го поддржи територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина.

Пред 10-тина дена и министерката за одбрана Славјанка Петровска рече дека земјава во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Таа додаде дека македонските власти во целост ги следат случувањата во и околу Украина, но и коментираше дека поставувањето на руски вооружени сили на границата со Украина е провокативно и дестабилизирачко дејствување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...