fbpx
Таг: ученици

таг: ученици

Од утре патроли околу српските училишта, трговски центри, паркови и на плоштадите

Полициски патроли од утре ќе бидат во близина на секое училиште во Србија, изјавил Данило Стевандиќ, државен секретар во МВР за српските медиуми, по двата масакра во Србија во кои беа убиени 17 луѓе, од кои поголем број деца и млади. Тој, во согласност со мерките на Владата, ги повикал и сите лица кои поседуваат непријавено оружје, да го предадат...

МОН: За два дена, десетина повици на електронската адреса за пријавување врсничко насилство

На eлектронските адреси [email protected] и [email protected] што ги отвори Министерството за образование и наука, изминатите два дена пристигнале 10-тина пораки, информираат од МОН. Дел од нив се однесувале на врсничко насилство, а имало и од поранешни професори, со сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст. „Со отворањето на електронската адреса, Министерството за...

Министерството за образование меѓу учениците ја промовира електронската адреса за пријавување врсничко насилство

Да промовираме мир, соживот и пријателство, наместо омраза и насилство. Превенцијата е најважна, но и доколку се случи меѓуврсничко, или било каква форма на насилство врз младите од повозрасните, тоа не смее да се премолчува. Затоа и отворивме електронска адреса - [email protected], на која секој може да достави пријава по која веднаш ќе се постапува“, рече денеска министерот за...

Грујичиќ: Неколку пациенти повредени во двата масакра во Србија се во животна опасност

Српската министерка за здравство Даница Грујичиќ во гостување на утринскиот дневник на Радоиотелевизија Србија (РТС) изјави дека двајца пациенти повредени во масовното пукање кај Младеновац и Смедерево се во критична состојба. Таа посочи и дека девојчето кое било примено по пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ сè уште е во критична состојба и е витално загрозено. Пациентите сместени во смедеревската болница...

Д-р Арсова за масакрот во Белград: Средбите со оружје на детето му ги развиле мислите за убивање

Со седумнаесет жртви и десетици повредени како последица на два масакра се соочи Србија за само 48 часа, откако во средата седмоодделенец во Врачар уби осум свои соученици и чуварот во училиштето, а ден подоцна, 21-годишно момче во Младеновац уби осум луѓе и повреди 14. Она што за овие простори било непознаница, со овие два трагични настани стана реалност,...

Сослушан таткото на детето кое уби девет лица: обвинителството бара притвор, тој го негира делото

Во Вишото јавно обвинителство во Белград, бил сослушан В. К. (47), татко на седмоодделенецот К.К., кој на 3 мај уби девет луѓе во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар, пренесува РТС. На рочиштето таткото негирал дека сторил кривично дело и детално ја изнел својата одбрана, а обвинителството најавило дека ќе бара мерка притвор. Сослушувањето на таткото на 13-годишното дете...

Лажна фотографија од 13-годишниот осомничен за убиство од Србија

На фотографијата не е прикажан Коста Кецмановиќ, седмоодделенецот од Белград кој уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште. Пинтерест, страница од која секој слободно може да симне фотографии, а на неа е прикажан Едвард Хотеа од Романија. Тој објавил видео на ТикТок во кое објаснува дека фотографијата е негова, дека е направена во 2020 година и дека...

МОН отвори мејлови на кои ученици можат да пријавуваат врсничко насилство

Mинистерството за образование и наука (МОН) отвора адреса за пријавување насилство во училишта, [email protected], односно [email protected] како централно место каде може да се пријавува училишно насилство, за да можат институциите веднаш да реагираат и да спречуваат сериозни ситуации. Ова денеска го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој денеска присуствуваше во Гостивар на ученичкиот натпревар „Образовно рандеву“. Тој...

Српската влада по вчерашната трагедија предлага контроли и мораториум за носење оружје

Српската влада ги донесе најновите одлуки по вчерашното деветкратно убиство во белградското училиште „Владислав Рибникар“, пишува Радио-телевизија Србија.  Владата со најновите одлуки предлага мораториум на издавање дозволи за поседување и носење огнено оружје (дозволи за набавка на оружје, потврди за оружје и слично), во наредните две години. Во рок од три месеци, мора да заврши прегледот на сите издадени дозволи...

Н1: Трагедијата во Белград – дали е крив Западот или ријалити програмите на телевизиите?

Изјавите на дел од српските официјални лица по нападот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, дека е виновен „трулиот Запад“ или некој друг за деветкратното убиство покажуваат дека „тука нема одговорност“, вели клиничкиот психолог Бранка Кордиќ за телевизијата „Н1“. На прашањето каква порака сака да се испрати со ваквите изјави, Кордиќ вели дека претпоставува дека станува збор за политичка игра. Таа...

Властите ги утврдуваат причините за деветкратното убиство во Белград, граѓаните бесни

Српските официјални власти започнаа со објавување во јавноста на првичните сознанија околу мотивите за вчерашното деветкратно убиство во Белград. Веселин Милиќ, началник на белградската полиција во вчерашното гостување во емисијата „Око“ на РТС, откри дека К.К. (13), седмоодделенецот кој вчера уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а рани уште шест деца и...

Вучиќ предлага мораториум за поседување оружје и кривична одговорност за лица над 12 години

Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево имаше свое обраќање до јавноста, по траорниот настан, кога седмоодделенец уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а рани уште шест деца и наставничка. Вучиќ откри повеќе детали околу случајот, а предложи и десет мерки, за кои рече дека треба да одлучат надлежните институции. Тој изјави дека ова е...

Таткото е задржан во станица, малолетникот кој уби 8 соученици и чуварот, нема да одговара кривично

Ученикот од седмо одделение во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, Коста К. (13) кој утринава уби осум ученици и чуварот на училиштето, а тешко рани четири момчиња, две девојчиња и наставничка, нема да одговара кривично, соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград, а пренесоа српските медиуми. Според Законот за малолетни сторители и казненоправна заштита на малолетни лица, К.К. е кривично неодговорен,...

Момчето што уби соученици во Белград имало список, план и молотови коктели, уапсен е и неговиот татко

Србија прогласи тридневна жалост по вооружениот напад во кој 14-годишен ученик уби осум ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и рани четири момчиња, две девојчиња и наставничка. Претставникот на Министерството за внатрешни работи на Србија, Веселин Милиќ, на прес- конференција изјави дека ученикот од седмо одделение Коста К., во 8.42 часот самиот повикал полиција и кажал...

Осум деца и чуварот се убиени, откако седмоодделенец пукаше во училиште во Белград

Во пукотницата што се случи денеска во Белград, во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар, убиени се осум деца и чуварот на училиштето, потврди српското Министерството за внатрешни работи. Српската полиција соопштува дека шест деца и еден наставник се ранети и се пренесени во болница. Ученикот од седмо одделение, К.К., роден 2009 година, кој се сомничи дека пукал во своите...

Започнаа „Деновите на електротехника“ во Скопје – натпревар по физика за ученици од целата земја

Во средното училиште „Михајло Пупин“ во Скопје од денеска се одржува манифестацијата „Денови на електротехника“ со која целта е да се промовираат електротехничката струка и средното стручно образование. Ова скопско училиште во следниве неколку денови ќе биде домаќин на натпревар меѓу ученици од 22 средни училишта од целата држава кои ќе ги измерат своите знаења по предметот физика. Вкупно 66...

Младите битолчани ги покажаа своите таленти на „Креативна млада Битола“

Младите битолчани денеска ја покажаа својата креативност на првото издание на манифестацијата „Креативна млада Битола“ што се одржа на платото на Офицерскиот дом – КИЦ Битола. На настанот учествуваа голем број ученици од основните и средни училишта од Битола кои цртаа, рецитираа, глумеа, пееа и изработуваа дела од глина. Учениците, под менторство на нивните професори и наставници ги претставија своите...

Корупцијата во образовниот систем ги саботира шансите за позитивен исчекор

Создавањето на образовен систем без корупција ќе обезбеди еднакви можности за сите ученици и студенти и ќе води кон подобри услови за раст и развој на државата и нејзиниот човечки потенцијал, рече вицепремиерката Славица Грковска на денешната тркалезна маса „Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“ која се одржа со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога...

МОН: Училиштата да ја искористат можноста за грантови за меѓуетничка интеграција

Министерството за образование и наука (МОН) потсетува дека на 30 април истекува рокот за аплицирање на повикот на МОН и ОБСЕ во Скопје за доделување на грантови со кои ќе се финансира спроведувањето на заеднички наставни и воннаставни активности на децата со различно етничко потекло и јазици на територијата на земјава. Право на учество на овој повик имаат сите училишта...

Средношколци од Скопје ќе ги претстават своите таленти на првото издание на „СРЕДНОЛЕНД“

Годинава за првпат ќе се одржи средношколскиот настан „СРЕДНОЛЕНД“ на кој талентираните ученици пред граѓаните на Скопје ќе се промовираат себеси, но и нивните училишта. Настанот, кој е во организација на Универзална сала, а е инициран од професори и ученици од неколку скопски средни училишта, ќе се одржи од 2 до 6 мај на неколку локации во главниот град –...