fbpx

Вучиќ предлага мораториум за поседување оружје и кривична одговорност за лица над 12 години

Вучиќ откри повеќе детали за траорниот настан, кога седмоодделенец уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ и предложи десет мерки, за кои рече дека треба да одлучат надлежните институции

-

Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево имаше свое обраќање до јавноста, по траорниот настан, кога седмоодделенец уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а рани уште шест деца и наставничка.

Вучиќ откри повеќе детали околу случајот, а предложи и десет мерки, за кои рече дека треба да одлучат надлежните институции. Тој изјави дека ова е „најтешкиот ден во историјата на современа Србија“.

Како прва мерка, Вучиќ предложи мораториум за издавање и за носење оружје, освен за ловни потреби, во период од две години. Втората мерка што ја предлага е ревизија на сите издадени дозволи за носење оружје, третата мерка се однесува на начинот на кој граѓаните го чуваат оружјето, а четвртата е контрола на сите стрелишта. Петтата мерка што ја предлага српскиот претседател е пропишување кривична одговорност за граѓаните кои им овозможуваат на малолетниците да дојдат во контакт со оружје.

За шестата мерка, рече Вучиќ, најмногу ќе се кршат копјата во јавноста. Тој предложи законски измени, односно намалување на старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години, со почитување на меѓународните и европските стандарди.

Со оглед на тоа што ученикот Коста К. не може да подлежи на кривична одговорност бидејќи во јули ќе наполни 14 години, Вучиќ изрази сомнеж дека момчето можеби знаело за ова и токму од тие причини ги извршило убиствата – бидејќи знаело дека нема да одговара кривично.

„Сметам дека има можност детето да знаело дека не може да биде кривично одговорно“, рече српскиот претседател.

Како седма мерка Вучиќ предлага забрана на програмските содржини каде што се истакнува насилство. Понатаму, тој предлага задолжителни шестмесечни тестирања за наркотици во средните училишта, воведување посебни служби и мобилни тимови во центрите за социјална работа за врсничко насилство и забрана за пристап до веб-страници каде што се даваат прецизни упатства за тоа како да се изврши убиство, да се набави дрога и сл.

„Ова се мои предлози до Владата, можете да прифатите или да одбиете“, изјави тој.

Родителите се приведени, момчето е на Клиниката за невропсихијатрија

Коста К., момчето кое уби осум свои соученици и чуварот на училиштето, според информациите на Вучиќ, испукало 57 куршуми во училиштето. Во полициска станица е приведен неговиот татко, но и неговата мајка, и тие ќе бидат задржани најмногу 48 часа, а во петок се очекува одлука дали ќе им биде одреден притвор. Момчето пак, се наоѓа на Клиниката за невропсихијатрија.

„Момчето од овој момент се наоѓа на посебно место, ќе биде сместено во посебен дел од Клиниката за невропсихијатрија. Неговиот татко е уапсен како сопственик на оружјето, кое го чувал непрописно, а задржана е и неговата мајка“, изјави Вучиќ, додавајќи дека станувало збор за „угледно и добро ситуирано семејство“.

Таткото, како што изјави Вучиќ, три пати го носел својот син на стрелиште, за да се научи да пука.

Српскиот претседател рече дека момчето е член на генерација што ретко или никогаш не гледа телевизија. Како што вели, ова е генерација на деца кои исклучиво користат интернет.

„Едно е она што детето го прави на стрелиште. Друг проблем е тоа што по шаблонот што го правел гледате дека играл некој вид видео игра. Во тие игри тие имаат повеќе животи. Тој не покажува ни трошка каење. Гледате дека тој мисли дека станал херој за некои, за некои што се малтретирани“, изјави Вучиќ.

Момчето што уби соученици во Белград имало список, план и молотови коктели, уапсен е и неговиот татко

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...