fbpx

Адвокатот Шабиќ за N1: Обвинителството да открие кој му ги дал личните и медицински податоци на Вучиќ

Според српскиот адвокат, неприфатливо е и тоа што началникот на белградската полиција вчера го објави целото име и презиме и датумот на раѓање на малолетниот напаѓач, сторител на повеќекратно убиство

-

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на вчерашната прес-конференција по масовното убиство во белградското училиште „Владислав Рибникар“ истакна дека државните институции си ја завршиле работата, потоа објави лични податоци за малолетникот кој го изврши нападот, како и податоци од анализите на две здравствени установи за менталното здравје на момчето. Адвокатот Родољуб Шабиќ за порталот N1 изјави дека е недозволиво таквите информации да се обелоденуваат во јавноста, како и дека сега на потег е српското Обвинителство кое по службена должност треба да утврди кој му дал такви информации на Вучиќ.

„Во случај на објавување податоци за здравствената состојба на кое било лице, релевантни се два закони, Законот за заштита на личните податоци и Законот за правата на пациентите, а според двата овие закони објавувањето на таквите податоци не е дозволено. Но, се поставува прашањето како Вучиќ воопшто добил пристап до овие податоци и во кое својство, бидејќи според Законот за правата на пациентите, оваа документација, освен на лекарите, може да им биде достапна само на други лица врз основа на судска одлука“, објаснува Шабиќ.

Тој додава и дека родителите на момчето можат да поднесат тужба за откривање на тие информации, но и дека српското обвинителство треба да утврди кои се лицата кои ги дале документите на увид на претставникот на извршната власт.

Исто така, објаснува Шабиќ, неприфатливо е да се објават целото име и презиме на малолетникот, неговиот датум и година на раѓање, во случајов сторител на повеќекратно убиство, што на пресот го направи началникот на белградската полиција Веселин Милиќ.

Инаку, на посочената прес-конференција, српскиот претседател Александар Вучиќ, објави и податоци за платите на родителите на момчето што го изврши нападот, како и други приватни информации.

Како што пренесува N1, Вучиќ „не објасни како овие информации се релевантни“, па оттука порталот одлучи воопшто да не ги пренесува таквите изјави. 

Вучиќ ги изнесе овие податоци додека коментираше, како што рече, „разни приказни што ги слушал и читал“.

„Ова е спротивно од клишето, не станува збор за некој што се борел за своите родители и статус, ниту за некој што немал што да јаде и пие, туку спротивното“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија изнесе и други лични податоци – за професијата на родителите, направените прекршоци, но и информации од личниот и училишниот живот на малолетниот напаѓач.

Велејќи дека државните институции си ја завршиле работата во овој случај, Вучиќ прочита две анализи за менталното здравје на малолетниот К.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...