fbpx

Таткото е задржан во станица, малолетникот кој уби 8 соученици и чуварот, нема да одговара кривично

Според Законот за малолетни сторители и казненоправна заштита на малолетни лица, К.К. е кривично неодговорен, бидејќи не наполнил 14 години. Момчето, како што денес кажа началникот на белградската полиција, Веселин Милиќ, било родено кон крајот на јули 2009

-

Ученикот од седмо одделение во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, Коста К. (13) кој утринава уби осум ученици и чуварот на училиштето, а тешко рани четири момчиња, две девојчиња и наставничка, нема да одговара кривично, соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград, а пренесоа српските медиуми.

Според Законот за малолетни сторители и казненоправна заштита на малолетни лица, К.К. е кривично неодговорен, бидејќи не наполнил 14 години. Момчето, како што денес кажа началникот на белградската полиција, Веселин Милиќ, било родено кон крајот на јули 2009, што значи дека за 2,5 месеци ќе наполни 14 години.

Според ВЈО, таткото на малолетникот е задржан во полициска станица, до 48 часа, колку што предвидува законот.

„По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, на таткото В.К. (48) му е одредено задржување до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело Тешки дела против општата сигурност“, стои во соопштението.

Претходно, како што се додава, увид на лице место извршиле дежурни заменици јавни обвинители на Одделот за општ криминал и Одделот за малолетници на Вишото јавно обвинителство Белград, кои наредиле во присуство на работници од Центарот за социјална работа од 13-годишниот К.К. да земе изјава и да се изврши лекарски преглед, по што Центарот ќе одлучи какви мерки ќе преземе од негова надлежност.

Скицата со стратешкиот план за напад и списокот со имиња пронајдени во собата на основецот од Белград

На копиите од документите што Милиќ ги покажа, а за кои рече дека полицијата ги пронашла во собата на седмоодделенецот, може да се види список со имиња на петнаесетина ученици, и скица од стратешкиот план за напад во училиштето според одделенија на која на англиски јазик пишува „primary targets“ (главни цели). 

Министерот за внатрешни работи, Братислав Гашиќ изјави дека таткото на Коста К. бил уапсен.

Таткото тврди дека двата пиштола биле во сеф, но очигледно детето ја дознало шифрата. Покрај пиштолите, најдени се и 3 рамки за по 15 куршуми. Дозволи за двата пиштола и за други парчиња оружје се издадени во 2016 и во 2018 година“, изјави Гашиќ.

Тој додаде дека таткото и момчето заедно оделе на стрелање, па така научило да пука и истакна дека против таткото ќе бидат преземени правни мерки.

По трагедијата во училиштето во белградската населба Врачар бројни пораки со сочувство 

„Моето искрено сочувство поради трагичното пукање денеска во Белград. Нашите мисли се со српскиот народ, а особено со семејствата, пријателите и најблиските на сите загинати и повредени во овој напад“, на Твитер напиша претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на социјалните мрежи напиша дека нема зборови што ќе ги надоместат болката и тагата на оние што денеска изгубија свои блиски.

„Во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име изразувам најдлабоко и искрено сочувство за загубените животи. Нашите мисли се со српскиот народ и со семејствата на починатите и повредените, со надеж за брзо закрепнување“, напиша Ковачевски.

Момчето што уби соученици во Белград имало список, план и молотови коктели, уапсен е и неговиот татко

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...