fbpx

Од утре патроли околу српските училишта, трговски центри, паркови и на плоштадите

Од утре наутро ќе има полициски патроли пред секое училиште при пристигнувањето на учениците на училиште, во утринските и попладневните смени и по завршувањето на наставата, кои превентивно ќе делуваат во однос на безбедноста на учениците и на вработените во училиштето, најави Данило Стевандиќ, државен секретар во МВР

-

Полициски патроли од утре ќе бидат во близина на секое училиште во Србија, изјавил Данило Стевандиќ, државен секретар во МВР за српските медиуми, по двата масакра во Србија во кои беа убиени 17 луѓе, од кои поголем број деца и млади.

Тој, во согласност со мерките на Владата, ги повикал и сите лица кои поседуваат непријавено оружје, да го предадат во најблиската полициска станица.

„Една од мерките е спроведување на разоружување и јавен повик до сите лица кои живеат на територијата на Република Србија да го донесат оружјето во најблиската полициска станица. Министерот Гашиќ вчера издаде наредба за предавање на непријавено оружје и муниција. Од утре до 8 јуни може да се предаде во најблиската полициска станица, без притоа да се сносат правни последици“, изјавил Стевандиќ.

Понатаму, тој најавува дека ќе има засилено полициско присуство на сите јавни места каде што се собираат поголем број луѓе. Видливо присуство на полиција ќе има во трговски центри, во паркови, на плоштади.

„Ќе се обидеме што е можно поскоро и секако ќе успееме да го зголемиме бројот на полицајци кои ќе бидат во училиштата. Од утре наутро ќе има полициски патроли пред секое училиште при пристигнувањето на учениците на училиште, во утринските и попладневните смени и по завршувањето на наставата, кои превентивно ќе делуваат во однос на безбедноста на учениците и на вработените во училиштето. За време на наставата, ќе има училишни полицајци кои ќе ги извршуваат своите работни задачи како што тоа го правеа во изминатите 20 години. Од 2003 година имаме училишни полицајци кои делуваат превентивно и ја штитат безбедноста на учениците и на вработените во училиштата низ Република Србија“, посочи тој.

Стевандиќ вели дека во Белград има 331 училиште и околу 140 училишни полицајци кои се ангажирани во училиштата.

Во два масакра во Србија што се случија неделава се убиени 17 луѓе. Во средата 13-годишно момче застрела и уби осум ученици и обезбедувач во училиштето „Владислав Рибникар“ и рани шест ученици и наставник. Еден ден подоцна, 21-годишно момче уби осум лица, а рани 12 кога пукаше врз жители на неколку села во околината на Младеновац и Смедерево. Дел од повредените се во животна опасност.

Притвор за осомничениот за масовното убиство во Младеновац и Смедерово

На осомничениот за масовното убиство во Младеновац и Смедерево У.Б (21) денеска му била одредена мерка притвор до 30 дена, потврдиле за РТС од Вишото јавно обвинителство.

„Осомничениот за масовното убиство во околината на Младеновац и Смедерево во саботата го признал извршувањето на кривичните дела наведувајќи, меѓудругото, дека со употреба на автоматска пушка и пиштол пукал во неколку лица на три локации, во територијата на Смедерево и Младеновац – во Мали Орашје и Дубона“, за да го исплаши населението, соопшти Вишото јавно обвинителство во Смедерево, пренесе РТС.

Осомничениот У.Б. (21) е обвинет дека на 4 мај во доцните вечерни часови на територијата на Смедерево и Младеновац убил осум и се обидел да убие вкупно дванаесет други лица со истрели од автоматско оружје.

Седмоодделенецот К.К. (13), кој уби осум свои соученици и обезбедувањето во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, се наоѓа на Клиниката за психијатрија. Законската граница за кривична одговорност е 14 години, па оттаму тој не може кривично да одговара за делото. Во притвор е неговиот татко, В.К. (47), за кривично дело – тешки дела против безбедноста, за кое е предвидена казна затвор од две до дванаесет години.

Грујичиќ: Неколку пациенти повредени во двата масакра во Србија се во животна опасност

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...